Меѓународната заедница ги повика косовските водачи да го прифатат планот за ЕУЛЕКС на шефот на ОН

12/11/2008

Косовскиот претседател и премиерот се соочуваат со меѓународен притисок да го прифатат предлогот на ОН од шест точки за одложената мисија на ЕУЛЕКС.

Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина – 12/11/08

photo

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу (лево) и премиерот Хашим Тачи во понеделникот (10-ти ноември) рекоа дека барањата на Србија за контрола на полицијата, царината и судскиот систем во претежно српските области на Косово се „неприфатливи“. [Лаура Хасани]

Меѓународната заедница ги повика косовските водачи да го прифатат планот на ОН во шест точки, со кој й се дозволува на мисијата ЕУЛЕКС да работи во северно Косово. Косовските водачи го отфрлија планот -- подготвен од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, во понеделникот (10-ти ноември). Планот, наводно, ги исполнува српските барања и предвидува контрола од страна на ЕУ на полицијата во областите во кои живее претежно албанско население и континуирана контрола од страна на ОН на полицијата во областите со претежно српско население.

Бан ја повика Приштина да биде попрагматична во изнаоѓањето решение за конфигурацијата на меѓународното цивилно присуство во Косово. „Се надевам дека Приштина ќе разбере и ќе дејствува со прагматизам и флексибилност“, рече тој во вторникот.

Претседателот на косовскиот парламент, Јакуп Красниќи, го критикуваше притисокот на ОН и ЕУ како антидемократски и антиуставен. „Сите напори за промена на одредбите од уставот се осудени на пропаст бидејќи само косовското собрание има право да го стори тоа. Ние сметаме дека претседателот [Фатмир Сејдиу] и премиерот [Хашим Тачи] ја завршија својата работа во врска со ова прашање“, рече Красниќи.

Вицепремиерот Хајредин Куци во вторникот рече дека Косово ќе го прифати планот ако добиее гаранции за заштитата на својот интегритет и суверенитет. Опозициските партии, исто така, ја потсетија владејачката коалиција дека може да преговара, но само косовскиот парламент има право да одлучува.

„Институциите на Република Косово веруваат дека суштинските елементи на овој ... документ во ваков облик се неприфатливи“, рече Сејдиу во понеделникот вечер. „Ние сме подготвени да го продолжиме дијалогот со меѓународната заедница, Европската унија и САД за распоредување на мисијата ЕУЛЕКС на целата територија на Косово за брзо време.“

Тачи рече дека одбивањето од страна на Приштина на точките на Бан нема да го „загрози“ нејзиното партнерство со западните држави кои дипломатски ја признаа новата држава. „Косово никогаш нема да се спротивстави на оние партнери кои го признаа Косово. Ние имавме дијалог во минатото, имаме дијалог сега и ќе имаме дијалог и во иднина“, рече тој.

Советот за безбедност, наводно, на барање на две неименувани постојани членки, потоа го одложи својот состанок во вторникот, на кој Бан требаше да поднесе извештај за статусот на својот предлог. Планираната седница сега е може да се одржи в петок.

Поврзани написи

Loading

Францускиот министер за надворешни работи, Бернард Кушнер, чија земја претседава со ЕУ, исто така, ги повика косовските водачи да го прифатат предлогот на Бан. Распоредувањето на ЕУЛЕКС овој декември е загрозено ако ОН не може да постигне договор со Приштина и со Белград“, рече Кушнер по состанокот со министрите за надворешни работи во Брисел.

„ЕУЛЕКС е наменет за доброто на сите граѓани и Европската унија е подготвена да стори сé за да биде присутна во северно Косово и на овој начин да го заштити територијалниот интегритет“, рече Кушнер.

ЕУЛЕКС требаше да биде распоредена набргу откако Косово прогласи независност пред девет месеци, но тоа не беше реализирано делумно поради противењето од Србија. Иако стотици полицајци и судски персонал пристигнаа во Косово, тие треба допрва да ги преземат ингеренциите од ОН.

Кристина Галах, портпаролката на шефот за безбедност на ОН, Хавиер Солана, рече дека Унијата се надева оти ќе постигне договор со Приштина за меѓународното присуство до крајот на оваа недела.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар