10/11/2008
Новиот извештај на ЕК го потврдува напредокот што Македонија го постигна во клучните области, но и сигнализира загриженост во врска со нерегуларностите на изборите.
Од Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје – 10/11/08
![]() Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, им го претстави извештајот на медиумите на 5-ти ноември. [Toмислав Георгиев] |
Годишниот извештај на Европската комисија (ЕК) за земјите-кандидатки, објавен минатата недела, го истакнува напредокот на Македонија во подобрувањето на својата економија, полиција и судски систем. Но, истиот ја критикува земјата за изборни нерегуларности, недостаток на политички дијалог и непостигнување консензус околу клучните прашања.
Македонија покажа одреден напредок во некои од осумте услови што го одреди ЕУ, рече комесарот за проширување, Оли Рен. „Ви оддаваме целосно признание за тоа. Но, за нас, сериозните нерегуларности за време на изборниот процес беа негативно изненадување.“
Ерик Мејер, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, посочи дека ЕК е премногу строга со земјата. Тој рече дека изборните проблеми не треба да претставуваат пречка за започнување на преговорите.
Но, Рен не се согласи, велејќи дека ова прашање е од суштинска важност. „Меѓународните набљудувачи и ОБСЕ рекоа дека изборите не се спроведени во согланост со критериумите, а тоа е основен услов. Да, реков дека има подобрување, но ќе мора да видиме дали изборите следната година ќе се одржат во согласност со меѓународните стандарди.“
Македонскиот премиер Никола Груевски рече дека неговата влада има стратегија за решавање на проблемите што ги истакна ЕК. Тој додаде дека иако извештајот најверојатно е реален, Скопје мора да направи повеќе анализи за да може да даде целосна оценка.
„Во секој случај, ние ќе кажеме дека извештајот е добар“, рече Груевски. „Ако кажеме спротивно, може да имаме проблем.“
Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, рече дека од 33 области, ЕУ заклучила дека има добар напредок во 12 и слаб напредок само во пет. Во преостанатите области, има напредок, но се потребни подлабоки реформи.
„Владата треба да го разгледа извештајот и да работи во насока на остварување на политички консензус и, исто така, исполнување на критериумите“, рече Фуере. „Опозицијата мора да работи заедно со владата, со цел да ги елиминира лошите оценки. Ова е колективна одговорност; сите треба да работат на исполнувањето на критериумите за интеграција во ЕУ.“
Што се однесува до спорот околу името со Грција, Рен рече дека тоа не е дел од преговарачкиот пакет за пристапот во ЕУ. Сепак, тој ги охрабри двете страни да побараат брзо решение.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's