Полицијата во БИх се бори со шверцерите на оружје

06/11/2008

Меѓународните синџири на шверц се целта на големата полициска операција што се спроведуваше во изминативе неколку месеци.

Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево – 06/11/08

photo

Операцијата резултираше со запленети големи количини оружје и други смртоносни материјали. [Getty Images]

Преку широката меѓународна операција, полицијата во Босна и Херцеговина (БиХ) вложува засилени напори за потиснување на синџирите организиран криминал кои шверцуваат оружје преку нејзината територија за другите синџири што оперираат во земјите на ЕУ.

Операцијата Запад беше спроведена во изминативе неколку месеци во БиХ и некои од нејзините соседни земји. Полицијците од Федерацијата на БиХ и Република Српска соработуваа со колегите во соседните земји и во некои членки на ЕУ, вклучително и Словенија, Франција, Австрија и Хрватска. Државната агенција за информации и заштита (СИПА) беше, исто така, вклучена.

Од јануари, кога започна истрагата, полицијата заплени големо количество оружје и други смртоносни материјални, како што се автоматски пушки, лансирни рамки за проектили, пиштоли, автоматски оружја, рачни гранати, различна муниција, детонатори и резервни делови за оружје.

Меѓу запленетиот материјал имаше и пентрит, експлозив кој е помоќен од ТНТ. Фабриките во поранешна Југославија го произведуваа за армијата на земјата. Шверцерите имале намера да ја препродадат муницијата во земјите од Западен Балкан по многу повисоки цени од оние на Балканот или за потенцијални терористички напади.

Во текот на септември, полицијата уапси шест лица, наводно вклучени во криминален синџир, четворица во БиХ и двајца во Словенија. Тие издадоа потерници за двајца други осомничени кои живеат во Франција. Во оваа операција, полицијата заплени 62 килограми пентрит, како и големо количество автоматско оружје, антитенковски ракети, детонатори и муниција.

На прес-конференцијата во Љубљана, Словенија, портпаролот објасни дека синџирот бил многу добро организиран и им давал на сите членови конкретни задачи. Неговата намера била да шверцува големо количество оружје и муниција во земјите на ЕУ и да извлекува големи профити.

Поврзани написи

Loading

За време на неколкумесечната истрага, властите ја идентификуваа Словенија како транзитна земја за нелегално оружје кое се шверцува од Западен Балкан во земјите на ЕУ.

Околу средината на октомври, во друг дел од операцијата, СИПА спроведе рација во многу локации во централна Босна и областите на големите градови Сараево, Бања Лука и Зеница. Таа уапси шест лица, кои ги предаде на државниот обвинител за понатамошен процес. Полицијата откри за време на истрагата дека бројни „пратки“ со оружје отишле неоткриени во земјите на ЕУ, каде што шверцерите ги продале.

На прес-конференцијата во Сараево, Драган Лукач, заменик-директорот на СИПА, ја оспори точноста на некои меѓународни извештаи, во кои се споменуваше можна поврзаност помеѓу рекетите на шверцерите со оружје и Ал каеда.

Шестмината осомничени уапсени во октомври се од различно потекло, рече Лукач, опишувајќи ги како „мултиетничка група на криминалци“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар