05/11/2008
Демократската партија на Србија во вторникот формираше сојуз со две помали партии, во обид да го зајакне влијанието на националистичката опозиција.
(Блиц, ЕМпортал - 05/11/08; Б92, Танјуг, ЕМпортал, Софија ечо - 04/11/08; Бета - 03/11/08)
![]() „Во оваа борба за промена, ДСС ги избра за свои партнери НС и НП, и секакви разговори за други коалиции ќе бидат можни по изборите“, рече водачот на ДСС, Воислав Коштуница. [Getty Images] |
Демократската партија на Србија (ДСС) на поранешниот српски премиер Воислав Коштуница формираше сојуз со две други националистички партии во вторникот (4-ти ноември), еден ден откако ги објави своите планови да поднесе иницијатива за гласање недоверба на владата поради Косово.
Портпаролот на ДСС, Андреја Младеновиќ, рече дека одлуката на неговата партија да ги здружи силите со партијата Нова Србија (НС) и Народната партија (НП) произлегува од „желбата за промени во Србија што е можно побрзо и формирање нова влада“. Владата предводена од новиот сојуз ќе „води одговорна национална и државна политика во интерес на сите граѓани на Србија“, додаде тој.
Коштуница поднесе оставка од премиерската функција во март поради несогласувањата со коалициските партнери од Демократската партија (ДС) на претседателот Борис Тадиќ околу тоа дали Србија треба да продолжи да бара интеграција во ЕУ откако мнозинството од 27-те членки на блокот го признаа Косово.
ДСС и НС, предводени од поранешниот министер за инфраструктура Велимир Илиќ, освоија вкупно 30 места во парламентот од 250 места на предвремените избори на 11-ти мај.
Водач на НП е поранешната градоначалничка на Нови САД, Маја Гојковиќ, која ја формираше својата партија претходно оваа година откако ја напушти ултранационалистичката Српска радикална партија. Нејзината партија нема места во парламентот.
Коштуница во понеделникот рече дека ќе бара поддршка од другите опозициски партии во парламентот за иницијативата за гласање недоверба на владата поради Косово.
„Сегашните власти преговараат тајно и зад грбот на парламентот за признавање на мисијата ЕУЛЕКС за спроведување на независноста на Косово“, рече Коштуница. „Владата ... бара начин да ги убеди граѓаните, односно да ги излаже дека ... ЕУЛЕКС наводно има неутрален статус.“
Слободан Самарџиќ, кој беше министер за Косово во втората влада на Коштуница, во вторникот рече дека парламентарните групи на ДСС, НС и СРС поднеле иницијатива за гласање недоверба на владата на премиерот Мирко Цветковиќ. Србија е „уморна“ од една ваква влада, се цитира изјавата на Илиќ.
„Сакаме да создадеме Србија која ќе почива на трајни демократски принципи и национални вредности, отворена за домашни и странски инвестиции, Србија каде што народот ќе живее ослободен од политички тензии, каде што ќе има целосно чувство на лична безбедност, безбедност на своите семејства, работните места, имотот и инвестициите“, рече Младеновиќ во вторникот.
Во извештај од вторникот на новинска агенција Танјуг се вели дека Српската напредна партија на Томислав Николиќ ќе ја поддржи расправата за гласањето за недоверба на владата на Цветковиќ. Но, никој не побарал поддршка од неговата партија, како што рече тој.
Гојковиќ верува дека Србија може да има вонредни избори во 2009 година.
Сепак, неодамнешните анкети покажаа дека ДСС, НС и НП би имале тешкотии да го остварат прагот од 5 отсто за влез во парламентот ако изборите се одржуваа денес.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's