04/11/2008
Големата бела ајкула, која се сметаше за исчезната пред околу 40 години, се врати во Јадранските води, поопасна од кога и да е, и нападна нуркач од Словенија.
Од Иво Шчепановиќ за Southeast European Times во Сплит – 04/11/08
![]() „Ајкулата, најверојатно, следела јато туни и била привлечена од рибите околу појасот на нуркачот. Со оглед на тоа што јатата туни повеќе не се чести во Јадранот, големата бела ајкула ретко патува во овие води.“ [Getty Images] |
Страшната средба на еден маж со големата бела ајкула во Јадранот, на само десет метри од брегот на оддалечениот остров Вис, во централна Далмација, стигна на насловните страници во Хрватска и ги потврди сомневањата за присуството на овој предатор во Јадранот. Постарите локални жители се сеќаваат на нападот на оваа ајкула во централниот дел од Јадранот, во кој загина еден германски турист. Нуркачите се почувствуваа безбедни по 40 години неактивност на ајкулата.
Четириесетитригодишниот словенечки нуркач, Дамјан Песек, отишол на риболов со стрела со пријател во Мала Смокова, во близина на островот Вис. Сведоците велат дека ајкулата која го нападнала била долга пет метри.
„Почувствував како нешто одеднаш ми ги удри телото. Всушност, не го чувствувате каснувањето“, рече Песек во болницата во Сплит, каде што беше примен со сериозни повреди на левата нога.
„Ја употребив стрелата за да се одбранам“, рече Песек. Пријателите го извлекле на бродот и го однеле кај најблискиот лекар. Лекарите, пак, го пренеле во Сплит за декомпресија и итна интервенција.
„Не постои скоро никаков начин еден нуркач да се одбрани ако ајкула сака да го убие“, вели врвниот хрватски експерт за ајкули д-р Ален Солдо. Најпрво испитувачите не биле каков вид го нападнал Песек.
„Други видови ајкули можеле да бидат привлечени кон нуркачот бидејќи тој носел [крвави] риби на својот појас“, најпрво помислил Солдо. Но, лекарите пронајдоа два заба типични за големата бела ајкула во ногата на нуркачот.
Експертот смета дека доаѓањето на големата бела ајкула во Јадранот може да е директно поврзано со туната.
„Ајкулата, најверојатно, следела јато туни и била привлечена од рибите околу појасот на нуркачот. Со оглед на тоа што јатата туни повеќе не се чести во Јадранот, големата бела ајкула ретко патува во овие води“, објаснува Солдо.
И покрај скоро трагичните околности, Солдо рече дека му е драго да слушне дека големата бела ајкула се вратила назад во Јадранот, бидејќи експертите ја сметаа за исчезната од овие води во изминатите четири децении. Тој додаде дека луѓето се сé уште натрапници кога се осмелуваат да влезат во подводниот свет.
Експертите сметаат дека големата бела ајкула брзо ќе замине од Јадранот, со оглед на нејзината миграциска природа.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's