Ни Грција ни Македонија не се задоволни од последниот план на Нимиц

30/10/2008

Властите во Атина и Скопје одговорија со критики на новиот предлог на специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц, велејќи дека истиот бара значителни измени.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 30/10/08

photo

Американскиот заменик помошник државен секретар Стјуард Џонс (лево) говори на прес-конференцијата со македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во вторникот (28-ми октомври) во Скопје. [Toмислав Георгиев]

Македонија му го претстави на специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, својот официјален одговор на неговиот последен пакет идеи за решение во спорот околу името со Грција. Истите предвидуваат користење на името „Република Северна Македонија“ на меѓународно ниво и „Северна Македонија“ во ОН. Уставното име, „Република Македонија“, би се користело дома.

„Ги понудивме и реафирмиравме македонските аргументи засновани на нашите национални интереси“, рече македонскиот претставник Никола Димитров во средата (29-ти октомври), по состанокот со Нимиц. Поради „исклучителната важност“ на прашањето, тој одби да открие детали.

Но, претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски веќе коментираа дека последните предлози на Нимиц не можат да бидат цврста основа за решение без значителни измени.

Во средата грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, рече дека новиот пакет идеи „е незадоволителен како теков“ и дека неколку точки се неприфатливи, проблематични или нејасни.

„Само откако ќе се направат потребните разјаснувања и корекции овој документ ќе може да стане основа за постигнување решение“, рече Бакојани пред грчките парламентарни комисии за одбрана и надворешни работи.

Последните настани доаѓаат во време на налет на меѓународни активности со цел решавање на долготрајниот спор помеѓу двете страни. Во вторникот американскиот помошник државен секретар Даниел Фрајд го повика Скопје да го прифати компромисот што го предложи Нимиц или ќе се соочи со меѓународна изолација.

Поврзани написи

Loading

„Прифатете го овој предлог и обезбедете посветла иднина за себе и своите деца“, им рече Фрајд на група македонски новинари во посета на Вашингтон.

Во понеделникот американскиот заменик помошник државен секретар Стјуард Џонс допатува во Скопје, на разговори со Црвенковски, Груевски и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. Тој ги увери македонските водачи дека Вашингтон и понатаму ги поддржува евроатланските аспирации на нивната земја, кои грчкото вето ги замрзна сега засега.

„Американската позиција е јасна. Ние го поддржуваме пристапот на Македониај во НАТО -- позиција што ја претстави и претседателот Џорџ Буш на последниот самит на НАТО во Букурешт“, рече Џонс на прес-конференцијата со Милошоски во вторникот.

Милошоски му рече дека Македонија е „посветена на решавањето на спорот во врска со името следејќи ги своите интереси и пристап“ и „сака проблемот да биде надминат кога ќе дојде моментот за негово решавање“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар