Двајца хрватски новинари убиени со бомба поставена под автомобил

24/10/2008

Иво Пуканиќ, сопственикот на водечкиот хрватски политички неделник и маркетинг директорот на весникот, Нико Фрањиќ, се убиени со автомобил-бомба во Загреб во четвртокот, последен во серијата насилни инциденти во земјата.

(Еуроњус, Еурактив, Javno.hr - 24/10/08; AП, Ројтерс, АФП, ДПА, ББС, Б92, Комитет за заштита на новинарите, Javno.hr - 23/10/08)

photo

Возило на брзата помош пристигнува, додека полицајците ја обезбедуваат областа во четвртокот (24-ти октомври), по експлозијата на автомобил-бомба во Загреб. [AФП]

Хрватска ќе се крене против тероризмот и организираниот криминал, ветија во четвртокот (23-ти октомври) водачите во земјата, по убиството на познатиот новинар. Ова беше најнов во серијата насилни инциденти, што ја шокираа нацијата.

Експлозијата под неговиот „седан“ го уби Иво Пуканиќ (47), сопственик на водечкиот хрватски политички неделник Национал, пред канцелариите на неговиот весник во центарот на Загреб. Во експлозијата што се случи околу 6 часот и 30 минути напладне загина и маркетинг директорот на неделникот, Нико Фрањиќ. Двајца случајни минувачи, наводно, се повредени.

„Хрватска ќе биде уште порешителна и цврста во справувањето со организираниот криминал и тероризмот“, рече премиерот во четвртокот вечер. „Ние нема да дозволиме Хрватска да стане Бејрут.“

Нападот во четвртокот се случи по помалку од две недели откако вооружен напаѓач ја уби Ивана Ходак, 26-годишната ќерка на познат адвокат, на сред бел ден, во близина на полициска станица на Загреб.

Осудувајќи го атентатот врз Пуканиќ, претседателот Стипе Месиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност во петок, велејќи: „Тероризмот стана факт на улиците на нашиот главен град.“

„Сега е или ние или тие -- правната држава, или криминалците, терористите и мафијата“, рече Месиќ во изјавата, повикувајќи ги властите да реагираат брзо и енергично.

Покажување способност за борба против организираниот криминал и корупцијата е еден од главните услови што земјите мора да ги исполнат за да пристапат во ЕУ. Хрватска се надева дека ќе влезе во Унијата како нејзина 28-ма членка во 2011 година.

Некои стравуваат дека ескалацијата на насилството може негативно да се одрази на нејзината кандидатура за ЕУ.

Давор Бутковиќ, уредник на популарниот весник Јутарњи лист за Ројтерс изјави дека двојното убиство претставува „голем удар за политичкиот систем на Хрватска“.

Изразувајќи загриженост во врска со оваа ескалација на насилството, медиумска набљудувачка група со седиште во Њујорк, го повика Загреб да се погрижи оние што се виновни за инцидентот во четвртокот да се соочат со правдата.

„Хрватските власти мора да спроведат темелна истрага и да ги изведат одговорните за овие убиства брзо пред лицето на правдата“, се вели во изјавата на Комитетот за заштита на новинарите.

Поврзани написи

Loading

Санадер рече дека најголемите експерти во државата ќе работат на решавањето на убиството на Пуканиќ и другите нерешени случаи.

„Ова повеќе не е само борба против организираниот криминал“, рече премиерот. „Ова е нешто против што сите ние во Хрватска ќе се кренеме.“

Пуканиќ беше подеднакво еминентен и контроверзен. Неговиот весник се бореше против корупцијата и злоупотребата на човековите права, поради што тој беше добитник на неколку награди. Но, тој исто така, беше критикуван за неговите блиски врски со некои политичари и наводните „босови“ на организираниот криминал.

Пуканиќ доби полициска заштита откако избегна обид за негово убиство во април. Сепак, два месеци подоцна, заштитата му беше укината на негово барање, рече во четвртокот хрватскиот министер за внатрешни работи, Томислав Карамарко.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар