Некои ја менуваат хрватската сала за состаноци за учество во предизборната кампања

22/10/2008

Бизнисмените во Хрватска традиционално се држат настрана од политиката, но ситуацијата брзо се менува.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 22/10/08

photo

Се шпекулира дека генералниот директор на „Агрокор“ Ивица Тодориќ е можно да се кандидира за претседател на Хрватска во 2010 година. [Архива]

Со приближувањето на локалните избори во 2009 година, сé повеќе големи бизнисмени калкулираат дали да влезат во политиката и како да освојат гласови. Досега двајца богати кандидати отворено ги признаа своите политички амбиции.

Сопственикот на синџирот супермаркети со седиште во Сплит Жељко Керум ќе биде независен кандидат за градоначалник на Сплит, додека тутунскиот магнат Плинио Кукурин се надева дека ќе ја освои политичката сцена во Истра.

Досега повеќето бизнисмени избегнуваа да бидат во фокусот на вниманието. Тие обично избираа да не се врзуваат себе си за партија или да станат премногу приврзани за одреден водач или кандидат. Меѓу долгогодишните политичари во земјата, само тројца доаѓаат од бизнис секторот: водачот на Хрватската народна партија Радмир Чачиќ, заменик-претседателот на парламентот Стипе Габриќ Џамбо и поранешниот министер за економија, Горанко Физулиќ, сопственик на синџирот детски продавници „Турбо лимач“.

Сега работите се менуваат брзо. Сега кога Керум и Чучурин влегуваат во игра, најверојатно ќе следат и други познати бизнисмени. Според хрватскиот неделник Глобус, генералниот директор на „Агрокор“ Ивица Тодориќ размислува да се кандидира за претседател во 2010 година. Човекот кој се смета за најбогат во Хрватска, води корпоративна империја која се гордее со повеќе од 30.000 вработени.

Ако се кандидира Тодориќ, можно е да се соочи со конкуренција од Јуре Радиќ, близок соработник на починатиот претседател Фрањо Туѓман. Радиќ сега го предводи најголемото претпријатие за градежништво и инженеринг во Хрватска ИГХ.

Поврзани написи

Loading

Уште еден потенцијален кандидат е Надан Видошевиќ, претседател на хрватската Стопанска комора. Како и Радиќ и Тодориќ, и тој е на десната страна од политичкиот спектар.

Не го поздравуваат сите овој нов тренд. Според Инга Томиќ Колудровиќ, шеф на Хрватското социолошко здружение, потегот на бизнисмените за влегување во политичката арена не е најпаметен.

„Тоа нема да донесе ништо добро за општеството“, изјави Колудровиќ за Глобус. „Овие два дела од општеството треба да бидат одвоени, а не обединети. Бизнисмените сакаат профит, додека политиката треба да работи за доброто на народот.“

Но, кандидатите од бизнис секторот имаат различно мислење. Тие тврдат дека нивното искуство и врски ќе им помогнат да обезбедат економска полза за нивните гласачи. Во пазарната економија, прашуваат тие, кој е подобро подготвен да ги претставува интересите на Хрватите? Во 2009 година гласачите се тие што ќе одговорат на ова прашање.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар