Можен е договор за распоредување на ЕУЛЕКС, вели Тадиќ

20/10/2008

Српскиот претседател Борис Тадиќ минатата недела рече дека постои можност Белград да го одобри распоредувањето на мисијата на ЕУ во Косово, на што српската влада жестоко се противи.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 20/10/08

photo

Претседателот Борис Тадиќ рече дека Србија е можно да ја одобри мисијата ЕУЛЕКС. [Getty Images]

Српскиот претседател Борис Тадиќ минатата недела рече дека властите во Белград и ЕУ може да постигнат договор за распоредувањето на мисијата на ЕУЛЕКС во Косово и тој договор да биде верификуван од страна на Советот за безбедност на ОН.

Изјавата на Тадиќ ја разлути српската опозиција, додека официјалните претставници на ЕУ ја поздравија. Белград досега жестоко се противеше на пристигнувањето на мисијата на ЕУ во Косово, кое прогласи независност на 17-ти февруари.

„Ние работиме на [распоредувањето на ЕУЛЕКС] со сите меѓународни форуми, со Советот за безбедност на ОН и ЕУ, како и со руските и американските претставници, т.е. со сите оние кои се од суштинска важност за иднината на Косово и Србија“, изјави Тадиќ за белградскиот весник Вечерње новости минатата недела.

Претседателот, исто така, рече дека Белград ќе ја прифати мисијата на ЕУ под три услови: нејзиното присуство во Косово да биде одобрено од Советот за безбедност, тоа да биде мисија со неутрален статус, како и да не биде спроведен планот предложен од Марти Ахтисари, кој Советот за безбедност не можеше да го усвои поради противењето на Србија и Русија.

Изјавата на Тадиќ наиде на остри реакции кај српската опозиција, особено поранешниот премиер Воислав Коштуница, кој ја одреди државната политика за Косово за време на својот мандат на функцијата.

Изјавата на Тадиќ беше „нож во грб во одбраната на Косово“, рече Коштуница, додавајќи дека планот на Ахтисари го предвидуваше постоењето на ЕУЛЕКС и дека со мисијата неизбежно ќе се спроведе планот за независноста на Косово.

Од друга страна, европските официјални претставници ја поздравија изјавата на Тадиќ. Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, рече дека е важно за ЕУ да го види „конструктивниот пристап“ на Србија кон распоредувањето на ЕУЛЕКС во Косово, бидејќи таквиот пристап е од суштинско значење за регионалната стабилност и владеењето на правото во Косово.

Поврзани написи

Loading

„Затоа е важно сите, вклучително и српската влада, да работат на успешното распоредување на ЕУЛЕКС во Косово“, рече Рен.

Во петокот командантот на ЕУЛЕКС Ив де Кермабон рече дека ЕУ и Србија „не се далеку“ од договор за распоредувањето на ЕУЛЕКС. Тој изрази надеж дека ЕУЛЕКС ќе биде распореден низ цело Косово до крајот на зимата.

Специјалниот претставник на ЕУ во Косово, Питер Фејт, изрази надеж дека распоредувањето на мисијата во Косово ќе стане возможно во текот на следните недели. Фејт рече дека ЕУЛЕКС ќе биде од корист за сите во Косово, особено за српското малцинство.

Откако Косово прогласи независност, УНМИК се намалуваше. Мисијата ќе му ги предаде некои свои надлежности на ЕУЛЕКС, кој треба да има околу 2.000 припадници. ЕУЛЕКС сé уште не пристигна во регионите населени со Срби, бидејќи Белград и косовските Срби одбиваат да ја прифатат мисијата сега засега. УНМИК останува активен во српските енклави.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар