Турската стратегија против тероризмот се ревидира

17/10/2008

Турските политички и воени водачи ја ревидираат својата борбена стратегија против ПКК, по неодамнешните терористички напади и зголемениот притисок на јавноста.

Анализа на Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 17/10/08

photo

„Оние кои ги претставуваат акциите на сепаратистичката терористичка организација како успешни дејства се одговорни за крвта која се пролева и ќе се пролева“, рече началникот на турскиот Генералштаб Илкер Басбуг. [Getty Images]

Во новата серија судири помеѓу турската армија и Курдистанската работничка партија (ПКК) во четвртокот (16-ти октомври) загинаа петмина војници, а 15 беа повредени. Според Генералштабот, петмина членови на терористичката група загинале. Последните напади уследија веднаш по фаталните инциденти претходно овој месец.

Во нападот на стражарското место на турската армија на 3-ти октомври загинаа 17 војници, а во заседата на автобусот кој превезувал полицајци во Дијарбакир на 8-ми октомври загинаа пет полицајци, поради што се создаде огромен притисок од јавноста на владата и војската. Неодамнешната серија смртоноски терористички напади ги принуди турските политички и воени водачи да почнат да ја ревидираат антитерористичката стратегија на земјата.

Според извештаите на турскиот весник Taраф -- голем критичар на војската -- вооружените сили знаеле дека ПКК подготвува напад на стражарницата кај Актутун на 3-ти октомври. Цитирајќи доверливи извештаи на војската од регионот, Taраф тврди дека сериозните грешки на војската довеле до големи жртви. Другите локални медиуми упатија на овие извештаи неделава, зголемувајќи го притисокот на јавноста врз вооружените сили.

Началникот на турскиот Генералштаб Илкер Басбуг остро ги критикуваше извештаите на прес-конференцијата во средата. Тој ги обвини медиумите за „систематско напаѓање“ на војската врз основа на лажни информации, за кои рече дека „излегуваат од границите на [легитимната] критика“.

„Оние кои ги претставуваат акциите на сепаратистичката терористичка организација како успешни дејства се одговорни за крвта што се пролева и што ќе се пролева“, рече Басбуг. „Ова е мојот последен збор: Ги поканувам сите да бидат внимателни и да застанат на вистинската позиција.“

Повици за нова стратегија

Од 1984 година во борбите на Турција со ПКК загинаа скоро 40.000 луѓе, што ги поттикна повиците за големи измени во антитерористичката стратегија и доведе до зголемени критики за неуспехот на владата и водечката улога на војската во напорите против тероризмот.

Експертот по безбедност, професорот Махир Кајнак, рече дека цената на дводецениската борба против ПКК ја надмина цифрата од 75 милијари евра. Ако Турција имаше подобра стратегија против ПКК, ќе го избегнеше одлевањето на своите пари и тие пари ќе можеа да го променат лицето на Југоисточна Анатолија и Турција, вели тој.

„Тоа што на војската й се дава главната улога во борбата против тероризмот е погрешно. Се разбира дека воените сили треба да бидат распоредени во регионот за да ги заштитуваат териториите и да бидат знак за суверенитетот. Но, борбата против ПКК треба да ја водат специјалните единици за безбедност, наместо обичните воени единици“, изјави тој за турското државно радио ТРТ.

Истакнувајќи дека проблемот со тероризмот има различни димензии, вклучително и културни, социјални и економски, Кајнак повика на поширока стратегија и истакна дека антитерористичките напори на Турција треба да бидат проактивни, наместо да се ограничени на борба против насилничките напади на ПКК.

Џеват Онес, познат експерт за курдскиот проблем и поранешен подсекретар на турската Национална разузнавачка агенција (МИТ) ја истакна потребата за политичко решение. „ПКК не е причината, туку последицата на деценискиот курдски проблем“, изјави тој за приватната телевизија НТВ.

„Општествените барања ги принудуваат политичарите да бараат решение, но политичарите не подготвуваат нови политики“, рече тој. „[Курдскиот] проблем има некои странски врски. Но, во основа тоа е домашен проблем. Тоа е проблем на Турција“, рече Онес. Тој посочи дека понатамошната демократизација и нов устав заснован на универзалните принципи ќе го реши курдскиот проблем.

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) вети нова отвореност кон етничките курдски граѓани во земјата, но насилството на ПКК ја зголемија лутината на граѓаните и ги ограничија понатамошните демократски реформи.

Подобра координација на антитерористичките операции

Турските политички и воени водачи оваа недела се согласија за нов мерки во борбата против групата -- вклучително и нов пристап каде што граѓаните ќе можат постепено да добиваат поголема улога во носењето одлуки.

Високиот одбор за контратероризам (ТМЈК) -- кој го сочинуваат премиерот Реџеп Тајип Ердоган, високи команданти и надлежните министри -- се согласи да формира ново антитерористичко координативно тело под Министерството за внатрешни работи.

Новата единица ќе биде надлежна за стратешкото планирање во борбата против тероризмот, ќе го олесни разменувањето разузнавачки информации помеѓу цивилните безбедносни единици и војската, и ќе организира редовни состаноци помеѓу цивилните власти и воените офицери. Набљудувачите очекуваат висок цивилен бирократ, наместо воен офицер, да претседава со одделот.

Поврзани написи

Loading

Идејата за ново антитерористичко координативно тело веќе долго време има поддршка кај војската. Недостатокот на дијалог и координација меѓу безбедносните агенции, разузнавачките единици и владините претставници беше еден од главните проблеми во борбата против тероризмот, рече Басбуг минатата година.

Во рамките на ревидирањето на антитерористичката стратегија, ТМЈК се очекува да продолжи со состаноците во следните недели. Помеѓу тешките прашања со кои се соочува е барањето на војската за поголеми ингеренции за време на антитерористичките операции на терен.

Воените офицери велат дека некои реформи иницирани од ЕУ ги ослабнаа нивните ингеренции во нужните безбедносни операции. Со овие реформи, војската мора да добие дозвола од обвинителството за да претресе поединци или приватен имот -- хендикеп на кој војската сака да стави крај. Таа, исто така, сака ограничување на телекомуникациите во спорните области, со цел да се пресечат комуникациите меѓу членовите на ПКК и да се спречат бомбите со далечинско управување. Другите барања вклучуваат подолг период на притвор за осомничените за тероризам и ограничување на нивното право за консултирање адвокати, кои војската ги обвинува дека им враќаат пораки на ПКК.

Владата на АКП вели дека ќе ги анализира неодамна зајакнатите антитерористички закони на членките на ЕУ, Шпанија и Велика Британија и дека планира да воведе нови закони кои ги задоволуваат стандардите на ЕУ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар