Американска актерка го посети Косово за подигање на свеста за ракот кај жените

16/10/2008

Холивудската актерка Френ Дрешер го посети Косово за да повика на агресивна борба против ракот кај жените.

(Американска амбасада во Приштина -- 16/10/08; Women's eNews)

photo

Претставникот на Американскиот Стејт департмент за прашањата на здравјето на жените, Френ Дрешер, отиде во Косово за да ја подигне свеста на жените за ракот. [Лаура Хасани]

Жените мора да ја преземат одговорноста за сопственото здравје и да се борат против ракот, рече американската актерка Френ Дрешер во текот на дводневната посета на Косово минатата недела.

„Косово, како нова земја, мора да се фокусира на подигањето на свеста на жените во врска со оваа болест, бидејќи е полесно и поевтино да се лечи ракот кој порано ќе се открие“, рече Дрешер, која престојуваше во Косово од 7-ми до 9-ти октомври како претставник на американскиот Стејт департмент за прашањата на здравјето на жените.

Таа, исто така, ја претставуваше Балканската иницијатива за ракот на дојката, партнерство основано на крајот од минатата 2007 година од страна на тогашната Американска канцеларија во Приштина и косовските здравствени инситуции и раководство.

„Јас сум сериозно загрижена за правата на жените ... Жените мора да ја преземат контролата за своето здравје“, рече таа по состанокот со членовите на Парламентарната група Жените на Косово, од кои таа побара да сторат повеќе во борбата со ракот.

И самата Дрешер го победила ракот на утробата. „Ми требаа две години и осум различни лекари за правилно лекување на ракот“, рече таа, повикувајќи ги жените да се снимаат за рано откривање на какви било малигнитети.

Најпозната по улогата во американската телевизиска комедија The Nanny, Дрешер имаше згуснат распоред за време на нејзината куса посета на младата држава. Таа даде интервјуа за десет медиуми, вклучително и неколку на косовските Срби, и сними вовед во документарен филм за здравјето на жените, кој беше прикажан на косовската телевизија на 8-ми октомври. Таа се состана со Женската група во косовското собрание и со младите српски жени во северна Митровица.

Дрешер го заврши својот престој во Косово со посетата на Камп Бондстил, каде што се состана со војниците кои или преживеале рак или имаат член на семејството заболен од рак.

Поврзани написи

Loading

Занемарувањето на здравјето на жените претставува сериозен проблем во Косово, каде што жените со медицински проблеми мора да се борат со комбинацијата економски и социјални бариери.

Со можеби три сигурни мамографски машини во целата земја, митото и раширените доцнења во јавниот здравствен сектори, како и прескапото приватно здравство за просечниот косовски граѓанин, женските пациенти доцна го откриваат ракот, кога лечењето е потешко и има помалку шанси да успее. Покрај ова, некои пациенти се плашат од операција или им е срам да признаат дека имаат рак на дојката.

Косовската лекарка Авдил Красниќи верува дека ситуацијата со ракот на дојката е „најверојатно“ полоша отколку во ЕУ, во која оваа болест е втора водечка причина за смртноста на жените и зафаќа една на секои десет жени. Земјата нема централен регистар за ракот, кој би обезбедил статистички податоци за споредба.

Блерта Фониќи-Кабаши даде свој придонесе за овој натпис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар