15/10/2008
Вооружените сили на БиХ ќе го завршат својот мандат во Ирак оваа година, но тие ги подготвуваат војниците за индивидуални задачи во операцијата на НАТО во Авганистан.
Од Антонио Прленда за Southeast European Times во Сараево – 15/10/08
![]() Техничарите на БиХ за деактивирање експлозивни направи работат на едно од поранешните локации за муниција во јужен Ирак. [Aнтонио Прленда] |
Tри и пол години по своето прво распоредување во пперацијата Слобода за Ирачаните, вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ) ја завршуваат својата мисија таму.
Според Министерството за одбрана на БиХ, коалициските сили во Ирак неодамна проценија дека учеството на БиХ во операцијата повеќе не е потребно. Коалицијата одлучи дека само американските и британските војници, со четирите други најголеми сојузнички сили, ќе останат во Ирак по 1-ви декември.
„Ирачката влада сега може да ја обезбеди сигурноста за која беа одговорни вооружените сили на БиХ“, соопшти Американската амбасада во БиХ. „Важно е да се подвлече дека БиХ даде значаен придонес во коалициските напори во Ирак.“
Воениот контингент на БиХ во Ирак моментно го сочинуваат два вода -- осмата ротација на Водот за деактивирање на експлозивни направи (ЕОД) во базата Ечо во близина на Ал-Диванијах и првата ротација на Пешадискиот вод во кампот Виктори во близина на Багдад. Секоја од единиците има околу 35 професионални војници, кои волонтирале за шестмесечната ротација во Ирак.
Никој од војниците не загина за време на ангажманот. Вршителот на должноста шеф на Здружените генералштабови на БиХ, генерал Миладин Милојчиќ, рече дека ова е резултат на високостручната обука и внимателните подготовки за секоја ротација.
„Ние сме горди со сите комплименти што ги добиваме од нашите коалициски партнери во врска со нашите војници во Ирак“, рече Милојчиќ.
Од средината на 2005 година ЕОД техничарите на БиХ работеа во кампот Такадум во Фалујах, базата Талил во близина на Насиријах и базата Ечо во Ал-Диванијах. Нивната мисија беше да ги идентификуваат, деактивираат и уништуваат конвенционалните неексплодирани направи (УКСО), намалувајќи ја способноста на бунтовниците за правење импровизирани експлозивни направи. Пешадискиот вод пристигна во август оваа година во кампот Виктори, кој го обезбедуваше. Неговата мисија е прво распоредување на борбена пешадија за вооружените сили на БиХ во меѓународна воена операција.
Двата вода ќе го завршат својот ангажман не подоцна од 15-ти декември. Со ова ќе заврши ангажманот на БиХ во Ирак, и набљудувачката мисија во Конго ќе остане единствена меѓународна воена операција во која вооружените сили на БиХ моментно учествуваат.
Сепак, најмногу десет војници на БиХ, во очекување на парламентарното одобрување, наскоро ќе започнат со специјализирана обука за распоредување во силите на НАТО за Меѓународна помош во безбедноста (ИСАФ) во Авганистан.
„Во оваа фаза, од нас беше побарано да испратиме само одделни офицери. Но, отстранувањето на УКСО и стражарските должности остануваат наши специфични способности, кои сме подготвени да ги вршиме, отворајќи го нашиот пат кон членството во НАТО“, рече Милојчиќ.
„САД се среќни што БиХ можат да бидат давател на безбедноста, наместо корисник на безбедноста“, заклучи американската амбасада.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's