07/10/2008
На 30-ти септември, Парламентарното собрание на Советот на Европа усвои резолуција за Босна и Херцеговина, со цел да се олесни нејзиниот пат кон членството во ЕУ.
Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево – 07/10/08
![]() Премиерот на РС Милорад Додик рече дека претставниците на РС никогаш нема да го прифатат крајот на гласањето на ниво на ентитет во државниот парламент. [Getty Images] |
На својата седница на крајот од септември Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАЦЕ) усвои резолуција со која се бара од институциите во БиХ да ги спроведат уставните измени, да се укине гласањето на ниво на ентитет во државниот парламент и да се зајакнат државните институции за да може БиХ да постигне целосен напредок во своите напори за членство во ЕУ. Во неа, исто така, се повикува на бришење на сите дискриминаторски провизии од уставот на земјата.
Гласањето на ниво на ентитет, кое бара одобрение од двете одделни администрации на ентитетите во БиХ -- Федерацијата на БиХ и Република Српска (РС) -- за каква било парламентарна одлука, стана закон во БиХ со Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши конфликтот во земјата помеѓу 1992 и 1995 година. Некои набљудувачи велат дека овој гласачки метод е подложен на злоупотреби од кој било ентитет, да ги блокира парламентарните одлуки ако не му се допаѓаат. Дејтонскиот мировен договор останува устав на земјата.
Резолуцијата произлегува од извештајот на известувачите на ПАЦЕ за БиХ, Кимо Саси од Финска и Мевлут Чавусоглу од Турција. Саси и Чависоглу й го припишаа актуелниот ќор-сокак во реформите на БиХ на РС, наведувајќи дека таа ги попречува реформите и ги поткопува државните институции.
Овој извештај и резолуцијата наидоа на жестоки реакции кај парламентарците од босанските Срби на седницата -- Милица Марковиќ и Младен Иваниќ. Тие бараа укинување на три дела од резолуцијата: оној кој се однесува на барањето за поништување на гласањето на ниво на ентитет, осудувањето на резолуцијата на Националното собрание на РС која повика на самоопределување и обвинувањето на РС за поткопувањето на босанските државни институции. Сепак, делегатите на ПАЦЕ ги отфрлија нивните барања.
Само неколку дена пред усвојувањето на резолуцијата на СоЕ, членот на претседателството на БиХ од босанските муслимани Харис Силајџиќ говореше пред ПАЦЕ во Стразбур, Франција, на истата тема. Тој го критикуваше гласањето на ниво на ентитетите, велејќи дека истото претставува голема пречка за парламентот да носи одлуки и со тоа го попречува напредокот на БиХ на нејзиниот пат кон Европа.
Силајџиќ, исто така, повика на „широки реформи на Дејтонскиот устав, чиј недостаток може да ги загрози мирот и стабилноста во БиХ и во регионот“.
Премиерот на РС Милорад Додик рече дека претставниците на РС никогаш нема да го прифатат укинувањето на гласањето на ниво на ентитет, бидејќи „тоа би значело откажување од институционалните механизми зацртани во Дејтонскиот мировен договор и одржувањето баланс во БиХ“.
Дури и ако резолуцијата на СоЕ е теоретски необврзувачка, БиХ мора да ги следи нејзините одредби со цел СоЕ да го прекине мониторингот на Босна и Херцеговина. Земјата стана членка на СоЕ во 2002 година, но сé уште не ги исполнила сите услови за членство дефинирани во тоа време.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's