Етничката припадност и ентитетите ќе играат голема улога на изборите во БиХ в недела

02/10/2008

На локалните избори во Босна и Херцеговина (БиХ) в недела ќе учествуваат повеќе од 29.000 кандидати од 72 политички партии.

Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево -- 02/10/08

photo

Повеќе од 3 милиони граѓани може да гласаат на локалните избори в недела (5-ти октомври). [Архива]

Повеќе од 3 милиони граѓани може да гласаат на локалните избори в недела (5-ти октомври) во Босна и Херцеговина (БиХ). Околу 29.043 кандидати и 72 партии се натпреваруваат за повеќе од 3.000 места, вклучително и 140 градоначалнички места.

Повеќе од 35 отсто од кандидатите се жени, а 24 отсто се помлади од 30 години.

За првпат Сребреница -- местото на геноцидот од 1995 година -- ќе има свои сопствени гласачки правила. Централната изборна комисија (ЦЕЦ) одлучи дека оние кои живееле таму во 1991 година, вклучително и оние кои заминале, може сé уште да гласаат таму.

Претставниците на Советот на Европа и другите меѓународни организации ќе го следат гласањето. Набљудувачите велат дека мешаните изгледи на изборите ја одразуваат актуелната етничка и административна поделба. Општиот оптимизам може да одигра некоја улога, со оглед на тоа што гласачите можеби го сметаат тековното разгледување од страна на ЕУ на можноста за завршување на мисијата ЕУФОР и потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација на БиХ во јуни, како позитивни сигнали за иднината.

Една од главните партии на национално ниво е Социјалдемократската партија (СДП). Таа има кандидати во 109 општини во земјата -- 73 во Федерацијата на БиХ (ФБиХ) и 36 во Република Српска (РС). Партијата го велича мултиетничкиот карактер на своите листи во Бања Лука, Мостар, Сараево и Тузла -- четирите најголеми градови во БиХ. Нејзината платформа ги застапува интересите на луѓето како индивидуални граѓани, а не како припадници на етнички групи.

Партијата за демократска акција на БиХ (СДАБиХ), голема партија на босанските муслимани, има 66 кандидати за градоначалници. Водачот на партијата Сулејмај Тихиќ рече дека СДАБиХ е посветена на тоа БиХ да ја направи држава за сите нејзини народи.

Партијата за БиХ (СБиХ) ќе учествува на изборите во 110 општини во двата ентитета на БиХ. Партискиот водач Харис Силајџиќ рече дека неговата партија очекува „добри резултати на изборите во октомври“.

Сепак, некои медиумски аналитичари велат дека партијата нема инфраструктура за силни резултати на локално ниво.

Една друга голема бошњачка партија може да стане важен учесник на изборите -- Босанската патриотска партија (БПС), предводена од Сефер Халиловиќ, кој ја командуваше армијата на БиХ во конфликтот во 1990-тите.

Што се однесува до партиите на босанските Хрвати, голем фаворит е Хрватската демократска заедница 1990 (ХДЗ 1990), предводена од Божо Љубиќ. Таа има 25 градоначалнички кандидати и 700 кандидати за градските совети.

Поврзани написи

Loading

Друга голема партија на босанските Хрвати е Хрватската демократска заедница на БиХ, предводена од Драган Човиќ.

Политичката ситуација во РС е многу појасна отколку во ФБиХ. Далеку најсилна партија е владејачката Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД), предводена од премиерот на РС, Милорад Додик.

Далеку зад неа е опозициската Социјалдемократска партија (СДС), предводена од Младен Бошиќ. Осомничениот за воени злосторства Радован Караџиќ ја предводеше СДС за време на конфликтот во БиХ.

Аналитичарите велат дека СНСД ќе има лесна победа во РС, СДС има некои шанси во понеразвиената источна РС, која, наводно, владејачката СНСД ја запоставила.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар