01/10/2008
Шест недели по конфликтот помеѓу Русија и Грузија, во средата започна мисијата на ЕУ чија цел е стабилизација на регионот и гарантирање на почитувањето на страните на договорот за прекин на огнот од август.
(AП, Ројтерс, АФП, ДПА, ББС, ФТ, Блумберг - 01/10/08; Ројтерс, АФП, ДПА, ББС, Интернешнал хералд трибјун, ВОА - 30/09/08)
![]() Набљудувачите на ЕУ ја напуштија својата база во грузискиот град Мукхрани за да го следат прекинот на огнот и да го надгледуваат руското повлекување по борбите во август. [Getty Images] |
Мисијата на ЕУ, чија цел беше да придонесе за стабилноста во Грузија, започна со работа во средата (1-ви октомври), при што невооружените набљудувачи од од блокот од 27 земји почнаа да го следат прекинот на огнот со кој беше ставен крај на петдневниот конфликт на земјата со Русија ова лето.
Повеќе од 200 невооружени набљудувачи од 22 земји на ЕУ заминаа на Грузија да го надгледуваат повлекувањето на руските сили од двете тампон зони до отцепените регионот Јужна Осетија и Абхазија, на поранешните советски републики.
На 7-ми август, грузиската армија започна офанзива за враќање на контролата над Јужна Осетија. Русија реагираше веднаш со масовна воена акција, вклучително и со воздушни напади длабоко во грузиската територија, како и надвор од границите на спорната покраина.
Во договорот потпишан на 12-ти август меѓу Москва и Тбилиси, со кој посредуваше ЕУ, беа повикани двете страни да ги повлечат своите војници на своите позиции пред конфликтот. Русија, сепак, воспостави „безбедносни зони“ околу Јужна Осетија и Абхазија и ги призна двата региони како независни држави на 26-ти август, предизвикувајќи силна осуда од Запад.
Со ревидираниот мировен план на 8-ми септември, руските сили мора целосно да се повлечат од двете тампон зони во рок од десет дена од распоредувањето на набљудувачите на ЕУ.
Говорејќи во предвечерјето на почетокот од Мониторинг мисијата на ЕУ (ЕУММ) шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, изрази оптимизам дека двете страни ќе го почитуваат договорот и дека Москва ќе ги повлече своите војници во договорените рокови.
„Се надеваме и сме сигурни дека пред 10-ти октомври тој дел од мисијата ќе биде завршен“, рече тој во Тбилиси во вторникот.
Претходно истиот ден, руската војска навести дека ќе ги спречи набљудувачите на ЕУ да влезат во тампон зоните. Но, набљудувачите, наводно, влегле во зоната околу Јужна Осетија без инцидент почнувајќи со работата во средата.
Според извештаите од средата патролите на ЕУ успеале да посетат одреден број села во тампон зоната и да разговараат со жителите пред да се вратат во своите бази. Но, руските сили ги спречија новинарите да ги следат набљудувачите.
Штабот на ЕУММ, предводена од германскиот дипломат Хансјорг Хабер, се наоѓа во Тбилиси. Набљудувачите на ЕУ имаат четири канцеларии на терен -- во близина на Езерото Басалети, околу 20 километри северно од грузискиот главен град, и во Гори, Поти и Зугдиди.
Хабер им препорача на набљудувачите да „покажат знаме, да бидат пријателски расположени и да покажат доверба“.
Русија планира да задржи скоро 8.000 војници во Јужна Осетија и Абхазија и постојано одбива да им дозволи пристап на набљудувачите на ЕУ во двата региони.
Набљудувачите очекуваат прашањето повторно да биде покренато за време на новиот круг разговори помеѓу претставниците на ЕУ и Русија, закажан во Женева подоцна овој месец.