18/09/2008
Иако не најде доказ за пирамиди, тимот што го вршеше ископувањето ова лето, пронајде голем број средновековни артефакти.
Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево -- 18/09/08
![]() Босанскиот истражувач и археолошки ентузијаст Семир Османагиќ посочува на ископаните камени делови откриени на планината Височица во БиХ. Османагиќ, кој има свој бизнис во Соединетите Држави, потроши десетици илјадници евра барајќи ги првите пирамиди во Европа. [Getty Images] |
Ископувањата изминатото лето на планината Височица во Босна и Херцеговина дадоа резултати, но не од онаков тип каков што бараше аматерот археолог. Семир Османагиќ, американски бизнисмен со босанско потекло, инвестираше големи суми свои пари во личната напори за откопување, како што самиот вели, на првите европски пирамиди.
Неговите тврдења сé уште не се потврдени. Наместо тоа, еден археолошки тим изминатото лето соопшти дека откопал значајни артефакти од поновиот период. Меѓу нив се и осум парчиња готски архитектонски резби и делови од стаклени шишенца кои датираат од 14-тиот и 15-тиот век, увезени од Венеција и кнежевствата на денешна Германија, како и бројни парчиња керамика. Тие, исто така, пронајдоа 20 сребрени предмети кои датираат од 15-тиот век.
„Ова покажува дека многу внимание е посветено на градот каде што средновековните босански кралеви живееле одвреме навреме“, изјави водачот на тимот Лидија Фекеза за медиумите. „Откако ќе ја отстраниме ... вегетацијата од врвот на планината Височица, конечно ќе видиме како овој средновековен босански локалитет изгледал порано“, додаде таа.
Не го поздравуваат сите истражувањето. На 7-ми август вандали осомничени за политичко противење на проучувањето на средновековната босанска државност фрлија камена плоча во ѕидот на старата тврдина. Средновековниот град Високи, на врвот од планината Височица, за првпат се споменува во написите од 1355 година, но археолозите веруваат дека неговата изградба датира од почетокот на 12-тиот век. Тие сметаат дека тој, заедно со античкиот кралски град Бобовац во централна Босна, е еден од најзначајните историски пронајдоци во БиХ.
Според археолозите, Високи имал значајна улога во средовековната босанска држава. Властите запишале некои историски документи во овој град-тврдина, од кои повеќето се однесуваат на трговските договори на старата босанска држава со тогашната Дубровничка Република.
Експертите од БиХ побараа владата да ја поништи дозволата за ископување на врвот на планината Височица која му ја издаде на Османагиќ, самопрогласениот археолог.
Во заедничата изјава археолозите остро го напаѓаат неговото инсистирање на тоа дека на овој локалитет биле изградени пирамиди. „Оваа комедија не е поддржана од официјалната наука или експерти, археолози или историчари ... Секој кој има минимум образование знае на кој период, област и цивилизација им припаѓаат ваквите градби“, се вели во неа.
Помеѓу потпишаните се професорот по археологија на Сараевскиот универзитет Енвер Имамовиќ, кој повика на одвојување повеќе финансиски средства на легитимни истражувања. „Босна и Херцеговина денес, иако има 120-годишна археолошка традиција, не инвестира ниту еден паричка за сé уште неиспитаните [средновековни] локалитети“, рече тој.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's