17/09/2008
Големата победа над Естонија ја инспирираше мултиетничката поддршка за фудбалскиот тим и тренерот на БиХ.
Од Иво Шчепановиќ за Southeast European Times -- 17/09/08
![]() Мирослав „Ќиро“ Блажевиќ. [Getty Images] |
Учесниците на четовите почнаа да го викаат Тито. Мирослав „Ќиро“ Блажевиќ, тренерот на фудбалскиот тим на Босна и Херцеговина (БиХ), најверојатно нема ништо политички заедничко со починатиот југословенски комунистички водач, но тие велат дека никој не е рамен на Тито и Ќиро кога станува збор за обединување на трите големи етнички групи во БиХ.
Победата од квалификациите за Светскиот куп на 10-ти септември од 7:0 над Естонија во централниот град Зеница значеа реализација на сонот на тренерот од етничките Хрвати за будење на националното единство.
„Сакам единство. Без [тоа], не можеме да ги постигнеме резултатите што ги сакаме“, изјави тој минатото лето, кога локалните медиуми, многу фудбалски навивачи и различни босански фудбалери и тренери се спротивставија на тоа тој да дојде на чело на репрезентацијата на БиХ.
Ќиро, кој беше тренер на Хрватска кога таа го освои бронзениот медал на Светскиот куп во 1998 година, најпрво наиде на студен прием во некои делови од БиХ.
„Роден сум во Травник, Босна и Херцеговина. Го знам менталитетот и ние можеме да бидеме силни само ако сме обединети“, повторуваше „тренерот на сите тренери“, како што го нарекуваат.
„Ова е неверојатно. Само со еден натпревар ги натера сите да почнат да се грижат за репрезентацијата на Босна и Херцеговина“, рече Маријан Иванковиќ, фудбалски навивач од Херцеговина од етничките Хрвати.
Во минатото, босанските Хрвати го следеа успешниот тим на Хрватска, додека етнички Срби беа за тимот на соседна Србија. Весникот на босанските Срби Независне новинe призна дека триумфот на БиХ над Естонија претставувал „крстосница за фудбалот во Босна и Херцеговина“.
„Нема да поканам босански муслимани, Срби или Хрвати во тимот. Ќе поканам добри играчи и нема да ми е гајле од каде доаѓаат... И знам дека обичниот народ ќе ме поддржи“, повторуваше Блажевиќ откако стана тренер.
На една телевизиска емисија тој беше запрашан дали ќе успее да го убеди водачот на босанските Срби Милорад Додик да ја поддржи репрезентацијата на БиХ.
„Јас му се воодушевувам како политички водач“, одговори Ќиро, очигледно борејќи се за уште едно остварување на целта за „постигнување единство“ за тимот на БиХ.
Ќиро има дар да ги собира луѓето покрај себе. Малкумина се оние кои го обвинуваат за поразот на БиХ од 1:0 во квалификациите од Светскиот куп против шампионот Шпанија од Еуро 2008 на почетокот од септември. Овациите што ги доби по катастрофалниот пораз на Естонија со 7:0 му дадоа непробојна аура во БиХ.
„Народот на Босна и Херцеговина претрпе многу. Ним им треба малку радост“, заклучи Ќиро, заработувајќи повеќе од малку мир за подготовките на мултиетничкиот тим за следниот предизвик -- во Турција на 11-ти октомври.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's