Српскиот парламент го ратификуваше ДСА и договорот за рускиот гас

10/09/2008

Пратениците ги ратификуваа клучните договори со ЕУ и Русија, но српските власти сé уште имаат напорна работа пред себе.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 10/09/08

photo

Според енергетскиот договор, руски „Газпром“ ќе го купи српското претпријатие НИС. [Архива]

Српскиот парламент во вторникот (9-ти септември) ратификуваше два документа од голема важност за иднината на земјата. Еден е Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ, а другиот е енергетскиот договор со Русија, според кој „Газпром“ ќе го купи српскиот нафтен монопол НИС.

Сепак, дури и со ова дејство на пратениците, владата ќе мора да ги впрегне сите свои сили за договорите да стапат на сила.

ЕУ и Србија го потпишаа ДСА на 29-ти април, но блокот од 27 членки веднаш го одложи договорот, во очекување на целосната соработка на Белград со Хашкиот трибунал за воени злосторства. По апсењето на Радован Караџиќ, Европската комисија побара привремениот трговски договор да влезе во сила уште на 15-ти септември. Трговскиот договор ќе го спроведе економскиот дел од ДСА.

Сепак, перспективата е неизвесна. Една од членките на ЕУ, Холандија, инсистира на тоа дека ниту еден договор со Србија не треба да стапи на сила ако Белград не му го предаде главниот обвинет за воени злосторства Ратко Младиќ на Хаг. Српските власти се надеваат дека позитивниот извештај на главниот обвинител на Трибуналот на ОН, Серж Брамерц, би ја натерал Холандија да ја омекне својата позиција. Брамерц оваа недела е во Белград, за да ја оцени ситуацијата.

Српските водачи ја поздравија ратификацијата на ДСА како „историски момент“, кој го отвора патот за земјата да стане официјална кандидатка за членство во ЕУ. Вицепремиерот Божидар Ѓелиќ се надева дека Србија може да добие ваков статус уште од 2009 година, што ќе й го отвори патот за неколку милијарди евра помош, наменета за забрзување на реформскиот процес.

Лошата вест е дека политичкиот консензус во Србија останува неостварлив. Опозициската коалиција предводена од поранешниот премиер Воислав Коштуница гласаше против ратификацијата, тврдејќи дека Србија не може да пристапи во ЕУ ако членките на блокот не го почитуваат српскиот суверенитет над Косово. Српската радикална партија (СРС), пак, беше на раб да го поддржи ДСА, но го промени својот став по интервенцијата во последен момент на партискиот водач Воислав Шешељ.

Поврзани написи

Loading

Шешељ, обвинет за воени злосторства, се наоѓа во притворот на Хашкиот трибунал. Веќе долго време вриеше конфликтот помеѓу него и заменик-претседателот на партијата, четирикратниот претседателски кандидат Томислав Николиќ, кој се обидуваше да го убеди да ја реформира и модернизира СРС. Тензиите кулминираа откако Николиќ се согласи да ја поддржи ратификацијата, за да потоа затворениот Шешељ го надгласа. СРС е сега поделена, при што Николиќ повлече одреден број партиски членови со себе и формираше нова политичка група.

На крајот, 140 од вкупно 250 пратеници гласаа за ратификацијата на ДСА. За разлика од тоа, енергетскиот договор со Русија помина непречено, при што 214 пратеници гласаа за, но приказната не завршува таму. Се случи разидување во српската влада околу договорот. Министерот за економија, Млаѓан Динкиќ, вели дека цената што ја понуди Москва, 400 милиони евра, е премногу ниска. Вистинската вредност на претпријатието е 2,2 милијарди евра, инсистира тој.

Динкиќ ја предводи работната група што сака да преговара за цената со Русите, кои отфрлија какво било размислување за зголемување на својата понуда.

Другите владини министри, пак, сметаат дека цената не е толку важна. Тие истакнуваат дека договорот ја прави Србија дел од проектот за гасоводот Јужен тек, кој ветува не само енергетска стабилност за земјата, туку и значителни приходи од преносот на природен гас до Европа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар