08/09/2008
Како прва иницијатива од ваков вид, албански парк на ветар ќе произведува енергија за извоз во Италија. Неколку слични проекти се во изработка.
Од Јонилда Коци за Southeast European Times во Тирана – 08/09/08
![]() Фарми на ветар, како онаа што се планира во Албанија, се извор на алтернативна енергија. [Getty Images] |
Албанија го гради својот прв парк на ветар и планира да извезува енергија во Италија, според новата иницијатива. Две претпријатија -- италијанското „Монкада конструциони“ и „Енпауер Албанија“ -- стојат зад проектот, кој е можно да обезбеди капацитет од 500 мегавати.
Производството се очекува да започне во 2010 година. Енергијата ќе патува низ енергетски кабел кој ќе се протега од албанскиот пристанишен град Валона до италијанскиот Бриндизи, на длабочина од 825 метри.
„Во блиска иднина, [кабелот] би можел да го зголеми увозот на енергија произведена од конвенционалните електрани што [ниe] имаме намера да ги развиеме на албанска почва“, се вели во соопштението на „Монкада конструциони“. Во август албанската влада го одобри искористувањето на шумите и пасиштата во општината Валона за изградба на паркот на ветар.
Експертите велат дека потенцијал за слични проекти постои на голем број локации во Албанија -- особено во низините, долж крајбрежјето и на ридовите. Регулаторното тело за електрична енергија (ЕРЕ) сега им даде дозвола на неколку претпријатија да го развијат овој потенцијал.
Минатата година првата дозвола ја доби претпријатието „Хера“, кое планира да изгради фарма на ветар во областа на Капштица и Билишт, југоисточна Албанија, со капацитет од 150 мегавати. Проектот ќе чини 240 милиони евра.
Општината Терпани, во близина на јужниот град Бетар, е уште една област планирана за развој на ветрова енергија. Инвестицијата за проектот се проценува на 460 милиони евра, со инсталиран капацитет од 225 мегавати.
„Италгест“, италијанското претпријатие за ветрова енергија, предложи изградба на ветрова централа во близина на Криевидхи, на 50 километри од Тирана. Објектот ќе генерира 150 мегавати, а инвестицијата на претпријатието ќе достигне 202 милиони евра.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's