Напредокот на Македонија кон ЕУ стагнира поради спорот околу името и неисполнетите услови

08/09/2008

Македонскиот вицепремиер Ивица Боцевски (лево) и комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, дадоа изјава за новинарите по состанокот во четвртокот (4-ти септември). [EК]

(Ројтерс, МИА, Макфакс - 05/09/08; AФП, ДПА, МИА, Макфакс, Б92 - 04/09/08)

photo

Македонскиот вицепремиер Ивица Боцевски (лево) и комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, дадоа изјава за новинарите по состанокот во четвртокот (4-ти септември). [EК]

Maкедонскиот премиер Никола Груевски во неделата (7-ми септември) рече дека неговата земја не може да добие датум за почеток на разговорите за пристап во ЕУ додека не биде решен спорот за името со Грција.

„Иако ги исполнивме условите што ги бара Брисел, не можеме да се надеваме на добивање датум оваа година“, изјави Груевски за новинарите во Скопје. Тој додаде дека, ако не беше ќор-сокакот, ЕУ ќе беше подготвена да одреди датум во јуни. „Тоа не се случи само поради спорот со Грција. Според она што го слушнавме од словенечките власти, главната причина се односите со Грција и нејзиното противење на нашата кандидатура“, рече тој.

Во меѓувреме, во Атина, грчкиот премиер Костас Караманлис рече дека не верува оти спорот околу името ќе биде решен наскоро и повторно се закани дека Грција ќе го блокира патот на својот сосед ако не биде решено прашањето.

„Дејствата на Скопје не ме прават оптимист дека е можно решение сега засега“, изјави Караманлис за новинарите во Солун. Тој рече дека Атина ги поддржува европските перспективи на земјите од Југоисточна Европа, вклучително и Македонија, но предупреди дека „Скопје нема да може да пристапи во ЕУ ако не го промени своето однесување“.

Македонија беше признаена во декември 2005 година како официјална кандидатка за ЕУ, но оттогаш процесот е блокиран. Минатата недела двајца високи владини членови заминаа за Брисел за да ги убедат високите претставници таму дека нивната земја е подготвена да го направи следниот голем чекор.

Сепак, ним им беше кажано дека земјата не постигнува доволен напредок во некои од осумте услови што ги одреди Брисел.

„Потребни се значителни дополнителни напори пред да може да се штиклираат сите полиња“, изјави комесарот за проширување, Оли Рен, за новинарите по разговорите со вицепремиерот Ивица Боцевски и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, во четвртокот. „Ова се основните услови за создавање вистинско европско општество.“

Условите ги покриваат областите како што се: спроведувањето на полициските закони, антикорупциската легислатива, реформите во судството и јавната администрација, политиката на вработувањето и подобрувањето на бизнис климата.

Наведувајќи ги слободните и фер избори како „деветти услов“, Рен ги истакна недостатоците „на секои избори“ откако тој дојде на функцијата пред четири години, вклучително и последните, во јуни.

„Ја повикувам владата да се погрижи за соодветно функционирање на демократските институции и унапредување на политичкиот дијалог“, рече тој.

ЕК ќе го оцени напредокот на Македонија во овие приоритетни области во својот редовен извештај во ноември.

Поврзани написи

Loading

Исто така во четвртокот, Боцевски и Милошоски се состанаа со заменик-претседателот на ЕК, Жак Баро, при што главна точка на агендата беше визната либерализација. Безвизен режим најверојатно ќе биде воведен за македонските граѓани што ќе патуваат за ЕУ во текот на следната година, рече Баро, кој е истовремено и комесар на ЕУ за правни прашања, за прашањата на слободата и безбедноста.

Во петокот Боцевски предупреди за потенцијалните ризици со кои може да се соочи неговата земја ако нејзините кандидатури за влез во ЕУ и НАТО и понатаму бидат блокирани, особено по руската интервенција во Грузија, која може да ги охрабри „маргиналните сили“ во Македонија.

Според извештајот на Ројтерс, тој на семинарот во Брисел рекол дека има две можни сценарија за Западен Балкан по кризата на Кавказот -- ширење на проевропските идеи или ширење на неизвесноста.

„Потребно ни е отворање на преговорите, мораме да видиме дека овој процес започна и мораме да видиме придвижување на процесот“, истакна Боцевски. „Ако перспективите за ЕУ и НАТО се одолговлекуваат, лесно може да се појави цинизам.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар