Водачот на српската опозиција поднесе оставка од партиските функции поради ДСА

08/09/2008

Томислав Николиќ, вршителот на претседателската функција во српската ултранационалистичка Радикална партија, поднесе оставка од функцијата поради несогласувањата во својата партија за иднината на земјата во ЕУ.

(ФТ, АКИ, Еуобсервер - 08/09/08; ББС, Б92 - 07/09/08; AП, АФП, Ројтерс, ДПА, Блумберг, Бета, Б92 - 06/09/08)

photo

Заменик-претседателот на СРС, Томислав Николиќ, ја поднесе својата оставка во петокот (5-ти септември). [Getty Images]

Оставката на Томислав Николиќ од функцијата заменик-претседател на ултранационалистичката Српска радикална партија (СРС) и шеф на нејзината парламентарна група, ќе ја заслабне главната српска опозициска партија, рекоа политичките аналитичари во неделата (7-ми септември).

Николиќ поднесе оставка по состанокот на претседателството на СРС во петокот вечер, кога повеќето членови на партијата одлучија да не ја поддржат ратификацијата на српскиот Договор за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ.

Потпретседателот на СРС, Драган Тодоровиќ, во неделата потврди дека партискиот водач, Воислав Шешељ, кому моментно му се суди во Хашкиот трибунал на ОН за воени злосторства, учествувал на состанокот преку телефон. Сепак, тој ги негираше извештаите на медиумите дека Шешељ му наредил на партиското раководство да го отфрли предлог-законот за ратификацијата на ДСА.

Николиќ во четвртокот рече дека СРС, најголемата партија во српскиот парламент од 250 места, ќе го поддржи клучниот договор со ЕУ, по прифаќањето од страна на владата на нејзиниот предлог за амандман на законот. Подоцна истиот ден Шешељ нареди радикалите да гласаат против ДСА, објасни тој во саботата.

„Поднесов оставка бидејќи сакав да покажам дека можам да издржам сé, но ова не“, рече Николиќ, кој, всушност, ја водеше СРС повеќе од пет години.

Кога Шешељ му се предаде на Хашкиот трибунал во февруари 2003 година, партијата имаше 300.000 гласачи, изјави аналитичарот Славиша Орловиќ за белградски Б92 во неделата, истакнувајќи дека СРС ја освои поддршката на „уште еден милион“ гласачи откако Николиќ го презеде водството.

„Тоа само потврдува дека модернизацијата на партијата со Шешељ на нејзиното чело е невозможна“, рече тој, додавајќи дека не е јасно дали Николиќ ќе побара од своите следбеници во парламентарната група на СРС да гласаат за ДСА, или да ги следат партиските наредби. „Тоа ќе зависи од неговата оценка на колку луѓе може да смета, ако одлучи да ја подели партијата или да формира нова.“

Други се согласуваат дека оставката на Николиќ ќе има сериозни последици за иднината на СРС и дека таа нема да може да ги задржи своите позиции.

„Оваа поделба сигурно ќе ја ослабне Радикалната партија“, рече аналитичарот Драган Бујошевиќ. „Партијата никогаш нема да ги постигне резултатите што ги имаше со Томислав Николиќ.“

Позициите на радикалите ќе бидат уште повеќе поткопани ако и други членови одлучат да ги напуштат партиските редови и да се приклучат на евентуалната нова партија, истакнуваат други.

Поврзани написи

Loading

„Ако попаметната фракција на СРС, предводена од Николиќ, ја напушти партијата, влијанието на радикалите на српската политичка сцена значително ќе се намали“, италијанската новинска агенција АКИ ја цитираше изјавата на аналитичарот Милан Николиќ.

Според извештаите од неделата, Николиќ поднесе оставка само од својата партија, но не го напушта парламентот.

Според извештајот на Б92 од понеделникот, Тодоровиќ ќе биде шеф на парламентарната група на СРС. Партијата не се очекува да избере нов заменик-претседател до следниот состанок на нејзината Централна татковинска администрација, закажан за две години.

„Дотогаш, партијата ќе биде предводена од претседателот Шешељ, претседателството, Централната татковинска администрација и партиските одбори“, беше цитирана изјавата на функционерот на СРС Милорад Мирчиќ во понеделникот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар