03/09/2008
Новите, ублажени прописи за работното време на продавниците предизвикаа огорченост кај синдикатите и Црквата.
Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 03/09/08
![]() Новата регулатива во Хрватска дозволува продавниците да останат отворени до полноќ. [Архива] |
Продавниците во Хрватска порано беа отворени од 6 часот изутрина до 9 часот навечер. Сега, со новата регулатива, сопствениците може да си одредат сопствено работно време, оставајќи го вратите отворени до полноќ.
Вицепремиерот Дамир Поланчец рече дека овој пропис ќе остане на сила најмалку до 11-ти октомври, официјалниот крај на туристичката сезона. Тогаш владата ќе го преиспита потегот.
Синдикатите и Католичката црква остро се спротивставија на истиот. Крешимир Север, претседател на Независниот хрватски синдикат, рече дека бизнис лобито извојува победа на сметка на работниците, кои може да бидат принудувани да работат во смени што ќе траат повеќе од осум часа -- што претставува кршење на законите за работните односи.
„Јасно е дека новата регулатива за работење до полноќ е донесена од некој кој вози до и назад од работа. Како еден продавач ќе затвора на полноќ, ќе чисти и потоа ќе оди дома?“, рече Север на прес-конференцијата. „Повеќето од нив [не можат да си дозволат да имаат] автомобил. Тие наместо тоа го користат јавниот транспорт, кој по полноќ не е на располагање.“
Локалните власти во крајбрежниот регион, пак, кој е зависен од туризмот, изразија силна поддршка за промената. Во исто време, хрватската државна телевизија емитуваше приказна во која повеќето странски туристи повикуваат на подолго работно време во шпицот на туристичката сезона, пракса во европските земји со големи туристички сектори.
Здруженијата на претприемачи останаа официјално неутрални, одбивајќи да коментираат во страв дека ќе го влошат незадоволството на работниците.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's