Нов контингент војници на БиХ замина за Ирак

02/09/2008

Во средната на август, нов контингент војници од Босна и Херцеговина й се придружи на мировната мисија Слобода за Ирачаните. Високи претставници ги пофалија за помошта во напорите за интеграција на БиХ во НАТО.

Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево – 02/09/08

photo

Војниците што ќе заминат во Ирак од Босна и Херцеговина се подготвуваат за својот лет. [Getty Images]

Неодамна нов контингент војници од Вооружените сили на Босна и Херцеговина (ОСБиХ) замина за Ирак, на најризичната мировна мисија во која биле војниците од БиХ досега. Во текот на следните шест месеци припадниците на пешадиските сили на ОСБиХ ќе обезбедуваат дел до Комплексот на базата Викторија (ВБЦ) на коалициските сили во близина на Багдад.

Нивното испраќање се одржа во касарната Рајловац во близина на Сараево на 14-ти август. Заменик-министерот за одбрана, Игор Црнадак изјави дека „Војниците кои ќе ја обезбедуваат коалициската база ќе се соочат со повеќе предизвици и ризик поразличен од уништување неексплодирани направи, во кои нашите единици учествуваа од 2005 година. Ова не е видео игра, но јас верувам дека војниците се добро подготвени.“

Четириесет и девет пешадинци на ОСБиХ ќе помогнат во обезбедувањето на ВБЦ. Тие доаѓаат од различни ентитети на БиХ, Федерацијата на БиХ и Република Српска. Фактот веројатно укажува на успехот на реформите на ОСБиХ, кои й дадоа на земјата поттик во поглед на идната интеграција во НАТО. Капетан Драган Малиќ, командант на единицата, вели дека сите војници се свесни за ризикот со кој ќе се соочат во Ирак, додавајќи: „Сите ние сме многу добро обучени професионалци“.

На своето патување до Ирак тие ќе бидат придружувани од единица која уништува неексплодирани направи, која ја сочинуваат 36 војници. Оваа едница се враќа од својата осма тура во Ирак, додека нејзиниот сегашен командант, капетан Небојша Јанковиќ, се враќа од својата втора тура. Тој вели дека многу од неговите подредени доброволно се пријавиле за втор дел во Ирак.

Поврзани написи

Loading

На церемонијата присуствуваше и претседателот на претседателството на БиХ, Харис Силајџиќ. Тој рече дека учеството на војниците на БиХ во мировните мисии низ светот ќе помогне во забрзувањето на интеграцијата на земјата во НАТО. „Тие дадоа голем придонес за нашиот забрзан пат кон НАТО“, рече тој. „Ние сме благодарни и горди на нив.“

Американскиот амбасадор во БиХ, Чарлс Инглиш, ја повтори благодарноста на американската влада за БиХ и нејзиниот придонес во операцијата Слобода за Ирачаните и рече дека Соединетите Држави силно ја поддржуваат брзата интеграција во НАТО на БиХ.

Пешадинците на ОСБиХ кои заминаа за Ирак добија специјална обука на воениот полигон на планината Мањаца, во близина на Бања Лука. Пред да започнат со задачите во Ирак, тие ќе имаат една недела дополнителна обука во Кувајт.

Според некои проценки, моментно има 2.000 други државјани на БиХ кои работат во Ирак и Авганистан на проекти за инфраструктурата и отстранувањето мини.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар