УНМИК повика на нови разговори помеѓу Приштина и Белград

29/08/2008

Реструктуирањето на УНМИК го отстрани донесувањето одлуки од нејзиниот домен, сега тој ќе се фокусира на следењето разговори помеѓу Белград и Приштина.

Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина – 29/08/08

photo

Шефот на УНМИК, Ламберто Заниер, ќе биде вклучен во разговорите. [УНМИК]

Со реструктуирањето на УНМИК мисијата повеќе нема моќ да донесува одлуки во новата независна држава, рече портпаролот на УНМИК Александар Иванко во средата (27-ми август) во Приштина. „Од 15-ти јуни УНМИК повеќе не е во позиција да наметнува договори или решенија“, рече тој.

Актуелната улога на мисијата е да го охрабри дијалогот помеѓу Белград и Приштина. УНМИК сака тие да остварат директни разговори без олеснувачи, кои ќе се фокусираат на секторите што ќе ги одреди генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.

Иванко е уверен дека еден таков дијалог помеѓу Приштина и Белград може да биде поттикнат со мониторинг на УНМИК. „Имаме дијалог преку трета страна помеѓу Приштина и Белград, а третата страна е шефот на УНМИК, и тоа е веќе позитивен чекор“, рече тој.

УНМИК сака да започне вакви директни разговори веднаш. „Всушност, од наша перспектива, ќе беше од голема корист ако ваквиот состанок се одржеше вчера, но поради позицијата на владата на Србија, таквиот состанок не беше остварлив“, рече Иванко.

Минатата недела шефот на УНМИК, Ламберто Заниер, се состана со косовскиот премиер Хашим Тачи и го информираше за актуелните, олеснати разговори, во кои Заниер е трета страна. „Следниот план е шефот на УНМИК да се состане со [српскиот министер за Косово] Горан Богдановиќ ... во септември“, рече Иванко.

Поврзани написи

Loading

Минатиот месец косовските власти рекоа дека се подготвени за разговори со Белград, но дека Србија одбила. „Приштина е подготвена да се вклучи во практични разговори со Белград за голем број прашања“, рече министерот за надворешни работи, Скендер Хисени, на крајот од јули. „Ние сме подготвени за директни разговори со Белград.“

Сепак, истите тие власти потврдија дека независноста на Косово нема да биде на агендата. „Независноста на Косово е нешто за што не може да се преговара и за што никогаш повеќе нема да се преговара“, рече Хисени.

Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, вели дека Белград нема да разговара со Приштина. „Ние не сме подготвени за разговори со сецесионистичките привремени власти на Косово“, рече тој. Сепак, Белград ќе разговара за Косово со Бан, Заниер и другите официјални претставници на ОН.

Косово прогласи независност во февруари. Државата моментно има дипломатски односи со 46 земји. Србија и нејзиниот сојузник Русија и понатаму го сметаат Косово за српска покраина.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар