Косово бара признавање од арапските држави

28/08/2008

Косово бара дипломатско признавање од арапските земји, делумно поради културните сличности.

Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина -- 28/08/08

photo

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу говори на конференцијата „Косово и арапскиот свет“ во понеделникот (25-ти август). [Лаура Хасани]

Косовските водачи во понеделникот (25-ти август) ги повикаа арапските земји да ја признаат независноста на Косово за време на конференцијата „Косово и арапскиот свет“ во Приштина. Помеѓу учесниците беа и аналитичари од Средниот Исток и претставници на владата и граѓанските општества во Косово. Форум 2015, конзорциум на косовски невладини организации, го организираше настанот.

„Косовските граѓани мислеа дека арапските држави ќе бидат помеѓу првите земји што ќе го признаат Косово“, рече претседателот Фатмир Сејдиу. Наместо тоа, единствени земјите со мнозинско муслиманско население што досега го признаа Косово се: Турција, Авганистан, Албанија, Сенегал, Буркина Фасо и Сиера Леоне. Исламската конференција има 57 земји-членки.

Сејдиу ја истакна вербата на јавноста дека арапските држави ќе ја признаат независноста на Косово за брзо време, но новинарот и политичар Ветон Сурои ја критикуваше владата за наводниот недостаток на иницијатива во надворешната политика. „Косово нема вистинска ... надворешна политика и нема визија за ова прашање“, рече тој.

„Косово работи интензивно на својот процес на признавање и оваа конференција му помага на Косово“, рече министерот за надворешни работи, Скендер Хисени, бранејќи ја владата.

Либанскиот експерт Ридван ал-Сајед, советник на премиерот на својата земја, рече дека признавањето на Косово од страна на арапскиот свет ќе биде од корист за Блискиот Исток, бидејќи ќе послужи како пример за самоопределување за палестинскиот народ. Признавањето на независноста на Косово ќе [помогне во зајакнувањето] на културните врски помеѓу Косово и арапските држави“, рече Ал-Сајед.

Поврзани написи

Loading

Учесниците на конференцијата генерално го нагласија заедничкото наследство на Косово и на арапските земји како причина за зајакнувањето на дипломатските врски. Покрај своите муслимански мнозинства, тие делат и „богата традиција ... заедничкото наследство на Отоманската империја“, рече Сурои.

Во интервјуто за албанскиот сервис на ББС, Ал-Сајед го припиша доцнењето на арапското принципиелно признавање на два фактори. Прво „четири од пет“ арапски држави имаат добри односи со Русија и Србија. Второ, оние со големо, потенцијално немирно малцинско население на Курди, Бербери или Христијани, стравуваат од охрабрување на идната поделба на нивните сопствени земји со признавањето на Косово.

Но, на конференцијата тој даде надеж за Косово, велејќи дека „се работи за месеци“ во арапското дипломатско признавање.

Давајќи уште една охрабрувачка нота, турскиот министер за меѓународна соработка, Саид Јазичиоглу, потврди дека Анкара работи на тоа да му помогне на Косово да добие признавање од арапските земји што е можно поскоро. „Турција лобира за признавање на Косово“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар