Официјални претставници на ЕУ гледаат ризик Украина да стане следната цел на Русија

28/08/2008

Неколку официјални претставници на ЕУ во средата изразија загриженост дека Русија можеби планира понатамошни воени дејства против другите поранешни советски републики, особено Украина.

(АП, Ројтерс, АФП, ББС, Гардијан, Индипендант - 28/08/08; AФП, АП, ДПА, ББС, ФТ, ВОА - 27/08/08, РФЕ/РЛ - 24/08/08)

photo

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибенд, отпатува за Украина на разговори кои тој ги нарече „коалиција против руската агресија“. [Getty Images]

Неодамнешната руска инвазија на Грузија и изјавите дека не се плаши од ништо, вклучително и од нова Студена војна, ја разгореа загриженоста дека Москва можеби планира слични дејства против другите поранешни советски републики.

„Многу е опасно ... постојат други цели што може да се претпостави дека се цели на Русија, особено Крим, Украина и Молдавија“, рече францускиот министер за надворешни работи, Бернард Кушнер, во средата (27-ми август).

Неговата изјава уследи еден ден откако рускиот претседател Дмитри Медведев потпиша декрети со кои ја признава независноста на грузиските отцепени региони Јужна Осетија и Абхазија, кои Западот ги осуди како нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија.

Игнорирајќи ги повиците од бројни меѓународни организации и официјални претставници, Русија, исто така, не успеа да го исполни клучниот услов од прекинот на огнот на 12-ти август, имено, да ги повлече сите свои трупи од грузиски имот. Ова, како и изјавата на Медведев во вторникот дека Русија „не се плаши од ништо, вклучително и од можноста за нова Студена војна“ ги зголеми изгледите за криза на Кавказот.

Москва силно се спротивстави на напорите за евроатланска интеграција на Грузија и Украина. Некои веруваат дека -- откако заврши со Грузија -- сега може да се сврти кон Украина, на чиј полуостров Крим сé уште се наоѓа руската црноморска флота. Голем број етнички Руси, мнозинска етничка група на полуостровот, наводно, добиле руски пасоши во последниве години. Москва верува дека со овој потег се доделува државјанство и им се дава право на примателите на воена заштита ако е потребна.

„Украина може да биде следната цел на политичкиот притисок на Русија“, АФП ја цитираше изјавата на комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во средата. Тој ја повика ЕУ да испрати јасен политички сигнал до Украина дека може да пристапи во Унијата откако ќе ги исполни критериумите за членство.

Рен, исто така, забележа дека „Русија исто така не може да ја поднесе идејата НАТО да се прошири до нејзините јужни соседи, така што намерно создава тензија во регионот“.

Киев доби уверување за неговите изгледи за пристапување во Алијансата од 26 земји за време на состанокот на комисијата на НАТО и Украина во средата во Брисел.

Амбасадорите на Алијансата „ја потврдија одлуката, што ја донесоа шефовите на држави и влади на НАТО на самитот во Букурешт, во врска со грузиските и украинските евроатлански аспирации“, според изјавата издадена по состанокот.

Водачите на НАТО ќе размислат дали да им понудат Акционен план за членство на двете земји на нивниот следен самит во декември.

Во меѓувреме, британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибенд, изрази поддршка за аспирациите на Украина за членство во НАТО за време на посетата на Киев во средата.

„Ние не ги заборавивме нашите обврски кон вас“, британскиот весник Гардијан ја цитираше неговата изјава.

Тој ја повика Русија да избегнува започнување нова Студена војна, велејќи дека ќе почувствува крајни „економски и политички загуби“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading