Заниер вели дека УНМИК не може целосно да го напушти Косово и негираше дека се залага за одвоена српска полиција

21/08/2008

„Ќе ги задржиме канцелариите во Пеќ, Грачаница и Стрпче, и очигледно ќе бидеме присутни и во Митровица“, рече шефот на УНМИК Ламберто Заниер во средата во Приштина.

Од Блерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина – 21/08/08

photo

„Мислам дека е важно за Косово и дека важно за заедниците да се има ... [функционална] полиција која е мултиетничка“, рече шефот на УНМИК, Ламберто Заниер. [Лаура Хасани]

Мисијата на Обединетите Нации нема целосно да го напушти Косово, изјави шефот на УНМИК, Ламберто Заниер, во средата (20-ти август). „Ние секако можеме да зајакнеме одредени програми во областите каде што УНМИК може да биде ... помалку присутен поради своето сопствено реструктуирање. Но, ова е секогаш во контекстот во кој УНМИК ќе задржи присуство на терен. Ќе ги задржиме канцелариите во Пеќ, Грачаница и Стрпче, и очигледно ќе бидеме присутни во Митровица“, рече Заниер на прес-конференцијата во Приштина.

Тој истакна: „Реструктуирањето на УНМИК е нешто на кое ние трошиме многу време. ... [Тоа] нема да резултура со наше напуштање на никого.“

Инаку, Заниер ги отфрли претходните забелешки на српскиот министер за Косово, Горан Богдановиќ, во врска со воспоставувањето специјални полициски сили за косовските Срби. Заниер истакна дека никогаш не помислил, ниту рекол дека ќе постојат специјални српски сили во рамките на косовската полиција.

„Никогаш не сум споменал никому одделни синџири на команда“ за полицајците на косовските Срби, рече Заниер во средата во Приштина. „Мислам дека е важно за Косово, дека е важно за заедниците, да се има ... [функционална] полиција која е мултиетничка и која ќе ги одразува и етничкиот сооднос на терен.“ Тој додаде дека одморот надвор од Косово го спречил порано да ги негира неточните извештаи во медиумите за неговите ставови.

Тој додаде дека повторното воспоставување на царинските служби на границата во северно Косово е уште една област за која сака да разговара. „Ние всушност не сме ги започнале разговорите околу ова прашање со Белград. Дури и покрај тоа што е мое убедување дека треба да има целосно функционална царина ... многу е важно да се има соработка со Белград во врска со ова“, рече тој.

„Јас сметам дека Белград има интерес да го спречи шверцот во таа област и да [обезбеди] соодветна контрола“, продолжи Заниер.

Тој објасни дека сака да ја избегне употребата на неговото овластување на дестабилизирачки начин. „Сакам да избегнам ситуации каде што ... создавам проблем, наместо да го решам. Значи, сакам да разговарам со сите оние кои може да имаат улога во олеснувањето на оваа одлука, подготвувањето за истата и потоа придвижувањето напред“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading