ЕУ ја прекина земјоделската помош за Романија

21/08/2008

Романија повторно ќе добие пристап до милиони евра финансиска помош на ЕУ за развој на земјоделството откако ќе ги елиминира недостатоците во управувањето и контролата на ваквите средства.

(Nine O'clock - 21/08/08; AФП, ФТ, Медифакс, HotNews.ro - 20/08/08)

photo

Европската комисија ја прекина исплатата на средства за развојот на земјоделството во Романија, откако идентификуваше „недостатоци“ во ревизорските процесуди на земјата. [Getty Images]

Европската комисија (ЕК) привремено укина милиони евра помош за руралниот развој на Романија, се вели во писмо до кое дојдоа романските медиуми во средата (20-ти август). Исплатите ќе продолжат дури откако Букурешт соодветно ќе се справи со недостатоците, детектирани при ревизијата во јуни, во управувањето и контролата на средства според предпристапната програма САПАРД, се додава во истото.

Помошта одвоена за Романија со таа програма изнесува околу 150 милиони евра годишно, а треба да му помогне на земјоделскиот сектор на земјата да стане поконкурентен.

„Комисијата привремено ги укина ... исплатите на 28,3 милиони евра“, се вели во изјавата на романското Министерство за финансии од средата.

Сумата ги покрива трошоците направени во текот на првото тримесечје од оваа година, според писмото што генералниот директор на ЕК за земјоделство и рурален развој, Жан-Лук Демарти, й го испрати на Алис Бату, национален овластен претставник во министерството, на 9-ти јули. Демарти ја потсетува Бату дека ЕК веќе побарала план за решавање на конкретните прашања.

„Би бил благодарен кога би го добил овој акционен план заедно со распоред за неговото спроведување што е можно поскоро, и не подоцна од 31-ви август“, напиша Демарти во своето писмо. „Ќе ја разгледам можноста за продолжување со исплатата на трошоците веднаш штом ќе добијам ваша потврда дека акциониот план се спроведуваа соодветно и кога тоа ќе биде потврдено од независно тело.“

Ако Романија не успее да се справи со недостатоците, не може да има гаранции дека точно ги процесуира барањата за исплати од конечните корисници, Фајненшал тајмс ја цитираше ЕК. Повторувањето на исплатите претставува потенцијален проблем.

Бату во средата рече дека слабостите забележани од страна ревизорите на ЕУ во голема мера се поврзани со процедурите на овластување на исплатите во Агенцијата за исплати за рурален развој и рибарство, која е задолжена за средствата од САПАРД.

Таа не кажа дали властите веќе го подготвиле и поднеле бараниот акционен план до канцеларијата на Демарти, но се чинеше уверена дека ЕК наскоро ќе ја ослободи помошта што на романските земјоделци им е многу потребна.

„Се работи само за неколку недели“, изјави Бату за романската новинска агенција Медиафакс во средата.

Според Фајненшал тајмс ова не е првпат Брисел да го критикува романското раководење со субвенциите за земјоделството. Последен сличен пример беше нејзиното неисплаќање од Заедничката земјоделска политика на ЕУ во утврдените рокови.

Брисел му најде грешки и на соседот на Романија и членка на ЕУ, Бугарија. Наведувајќи ги слабостите во контролните системи на Бугарија, случаите на измама и нерегуларности, ЕК во јули замрзна скоро половина милијарди евра помош за земјата, вклучително и 121 милион евра за рурален развој од програмата САПАРД.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading