19/08/2008
Од Букурешт до поранешниот европски град на културата Сибиу, од плажите на одморалиштето Вама Вече до подножјето на планинскиот венец Семениц, Романија ужива во богатата и разновидна понуда на музички фестивали ова лето.
Од Алина Бандила за Southeast European Times во Букурешт -- 19/08/08
![]() Џејмс Хетфилд (десно) и неговата група, Металика, настапија во Букурешт на 23-ти јули. [Getty Images] |
Музичкото лето започна со концертите на 3-ти јули во Букурешт на ромската група „Дамијан енд брадрс“ и српската група Амаро Дел. Набргу потоа следеа настапите на фестивалот Б’ЕСТФЕСТ 2008, од 4-ти до 11-ти јули, голем настан на кој настапија Нели Фуртадо, Аполо 440, Сајпрес Хил, Аналис Морисет, Ману Чао и Меник стрит причрс. Исто така, учествуваа и некои од постарите имиња, како Џудас Прајст, Рос д Бос и Прајмал Фиар.
Сепак, Букурешт повеќе уживаше во хард рокот ова лето, уживајќи во концерот на Лени Кравиц на 26-ти јули и Ајрон Мејден на 4-ти август. Тие ги исполнија местата на фудбалскиот стадион Котрочени. На Џејмс Хетфилд и неговата група, Металика, не им требаше претставување во Романија. Тие се вратија во Букурешт на 23-ти јули, по романското деби во 1999 година.
Кравиц, кој одржа концерт три дена по Металика, беше топло пречекан, но направи гаф нарекувајќи го својот домаќин Унгарија и го расипа расположението на публиката во поголем дел од вечерта.
Ајрон Мејден имаше целосно распродаден концерт. Основачкиот член на групата, Стив Харис, на веб-страницата на групата рече дека романските обожаватели ќе имаат можност да го слушнат вокалистот „Брус [Дикинсон] како ги изведува класичните песни“. Дикинсон го напушти бендот пред претходниот настап на групата во Букурешт во 1995 година, но повторно му се приклучи во 1999 година.
Во Сибиу рок музиката беше преслушана на фестивалот АРТМАНИЈА на 18-ти и 19-ти јули. Групи од Романија, Шведска и Германија, како што се Фрозен даск, Тиамат и Лакримоса, беа помеѓу 12-те групи што настапија.
Друг настан, Фестивалот Пенинсула во Таргу Мурес, се одржа од 23-ти до 26-ти јули. Меѓу изведувачите беа Епика, Авантасија и Морчиба.
Покрај ова, Фестивалот Стафсток се одржа помеѓу 14-ти и 16-ти август во Вама Вече, црноморско туристичко место во близина на границата со Бугарија. Меѓу другите, настапија и Апокалиптика, Ер трафик, дЕУС и Култур Шок.
Свој дел си добија и џез-вљубениците. Џез фестивалот Гарана, на подножјето од планинскиот венец Семениц траеше од 18-ти до 20-ти јули, а настапија голем број меѓународни ѕвезди: Чарлс Лојд од Соединетите Држави, Дјабе од Унгарија, Јарослав Сметана од Полска, Хари Тавитијан и Ориент Експрес од Романија, Ларс Даниелсон од Шведска, Литванското џез трио, Мирослав Витоус од Чешка и други.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's