18/08/2008
Уверливата изведба на под на Сандра Избаса й го обезбеди највисокото место на подиумот, додека друг балкански гимнастичар -- Хрватот Филип Уде -- освои сребро на коњ со рачки.
![]() Сандра Избаса од Романија (во средината) позира со Шон Џонсон (лево) и Настија Лиукин од Соединетите Држави, на церемонијата на доделување медали во категоријата на под за жени. Избаса освои златен медал во неделата (17-ти август). [Getty Images] |
Романската гимнастичарка Сандра Избаса освои златен медал во вежбите на под за жени во неделата (17-ти август). Нејзината вежба доби највисоки оценки вечерта за ниво на техничка сложеност, и таа ја изведе со самоувереност и доби 15,650 бода, надминувајќи ги Шон Џонсон и Настија Лиукин од Соединетите Држави. Изведбата на Избаса й донесе не само медал, туку и телефонски повик со честитки од романскиот претседател Трајан Башеску.
***
Хрватот Филип Уде приреди изненадување во машка гимнастика, освојувајќи сребро на коњ со рачки и исфрлајќи го Кинезот Јанг Веи од борбата за медали. Луис Смит од Велика Британија имаше исти поени како Уде, 15,725, но Хрватот имаше помалку одземања за уметничка изведба.
***
Tурчинката Eлван Абејлегесе освои сребрен медал во атлетика, завршувајќи ја трката од 10.000 метри со време 29:59:34. Златото отиде во рацете на Тирумеш Дибаба од Етиопија со рекордот што го постави со време 29:54:66.
***
Бугаријa го освои своето прво злато во Пекинг во саботата, при што веслачката Румјана Нејкова заврши прва во трката за синглови. Нејзиното време беше 7:22:34. Во меѓувреме, борачката Станка Златева го освои среброто во категоријата до 72 килограми, во која победи Јиао Ванг од Кина.
***
Грчкиот машки кошаркарски тим ја надмина предноста на својот противник на домашен терен и го победи кинескиот тим предводен од Јао Минг. Конечниот резултат беше 91:77. Јоанис Бурусис и Василеос Спанулис имаа по 19 поени.
***
Бугарскиот машки одбојкарски тим стигна до четвртфиналето, поразувајќи ја Венецуела со 3:1 (23-25, 25-19, 25-16, 25-22). На овој натпревар се врати капитенот на тимот Пламен Константинов, кој рано ги напушти Игрите, по рекордно високите нивоа на тестостерон на рутинскиот тест. Потоа Константинов беше исчистен од допингот и му се приклучи на тимот во Пекинг.
***
Романските веслачи Георгета Андруначе и Виорика Сусану победија во категоријата за женски парови, со време 7:20:60. Тоа беше второ по ред злато за оваа женска двојка. Во категоријата за осум жени, Романците се бореа да ја задржат шампионската титула. Но, тие не успеаја да ги победат Соединетите Држави и мораа да се задоволат со бронза, по изненадувачката победа на Холандија.
***
Црногорските „Црвени ајкули“ завршија изедначено со Австралија со 5:5 и влегоа во четвртфиналето во ватерполо и натпревар со <b>Хрватскa</b>. Во меѓувреме, <b>Србијa</b> изгуби со 13:12 од Италија и со тоа избегна да заврши во ист кош со Црна Гора. Наместо тоа, таа ќе игра со Шпанија и Соединетите Држави.
***
Тркачката на средни патеки Даниела Јорданова од Бугаријa излезе од Игрите, откако падна на тестот за допинг. Таа требаше да се натпреварува во трката на 1.500 метри. Тренерот на Јорданова ја презеде вината, велејќи дека можеби ненамерно купил расипани прехранбени додатоци за неа.
***
Шампионката во одбрана на титулата во категоријата за жени на 400 метри со пречки, Фани Халкија од Грција, нема да добие шанса да го одбрани медалот. Претставници на тимот ја испратија дома бидејќи падна на тестот за дрога. Грчките атлетичари -- вклучително и целиот тим за кревање товар -- имаа позитивни резултати на тестот за метилтриенолон, анаболичен стероид кој почна да станува лесно достапен на интернет.
***
Бугарскиот гимнастичар Јордан Јовчев заврши на последното место во финалето од категоријата на обрачи за мажи, зад седмопласираниот Роберт Станеску од Романија. Кинезот Јибинг Чен победи на натпреварот.
(Разни извори -- 18/08/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's