Србија сака мислење на МСП за независноста на Косово

18/08/2008

Во петокот Србија поднесе до ОН предлог-резолуција во која бара мислење од Меѓународниот суд на правдата за законитоста на косовското прогласување независност. Белград сé уште го смета Косово за своја покраина.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 18/08/08

photo

Министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во петокот (15-ти август) даде изјава за медиумите за намерите на Србија во врска со Меѓународниот суд на правдата, во седиштето на ОН во Њујорк. [Getty Images]

Србија бара мислење на хашкиот Меѓународен суд на правдата (МСП) во врска со декларацијата за независност на Косово, кое Белград сé уште го смета за дел од својата територија. Досега 45 земји го признаа Косово, вклучително и Соединетите Држави и највлијателните земји на ЕУ, но Србија и Русија и понатаму се противат на неговата независност.

Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во петокот (15-ти август) поднесе предлог-резолуција до Генералното собрание на ОН, повикувајќи на мислење на судот за законитоста на косовското еднострано прогласување независност на 17-ти февруари.

За предлогот ОН да побара мислење од судот е потребна поддршка од мнозинството земји што учествуваат во гласањето. Генералното собрание има 191 членка -- ако сите гласаат, на Србија й треба поддршка од 96 земји. Предлог-резолуцијата на Белград би можела да се најде на агендата на есенската сесија на Генералното собрание.

Српските власти рекоа дека очекуваат иницијативата да го спречи бранот земји што ја признаа независноста на Косово. Белград верува дека одлуката на судот во негова корист би можела да води и до повторно отпочнување на разговорите за статусот. Приштинските власти, пак, рекоа дека ниту еден чекор на Белград не може да ја загрози независноста на Косово.

МСП не изрекува пресуди, туку само дава „советничко мислење“. Судот нема овластување да наметнува законски санкции во случај на непочитување на пресудите. Сепак, неговите одлуки имаат значителна етичка моќ.

Поврзани написи

Loading

Барањето мислење од МСП може да биде опасно за Белград ако судот одлучи дека Приштина законски прогласила независност, иако не добила поддршка во Советот за безбедност на ОН.

„Со оглед на тоа што бараме мислење на судот и веруваме во меѓународните институции, вклучително и МСП, ние ќе ја почитуваме секоја одлука што ќе ја донесат“, рече Јеремиќ, додавајќи дека би било неморално за Србија да не го почитува мислењето на судот, какво и да е тоа.

Јеремиќ, исто така, рече дека не очекува Запад да изврши голем притисок врз Белград за да се откаже од иницијативата, но дека тие сигурно ќе лобираат во рамките на ОН за отфрлање на српскиот предлог.

Сепак, врз Белград веќе се врши одреден притисок. Францускиот министер за надворешни работи, Бернард Кушнер, на крајот од јули рече дека потегот на Белград е „изненадување“, особено со оглед на аспирациите на Србија за членство во ЕУ. „Ако тој суд треба да прогласи дека [независноста на Косово] е незаконска, би било невообичаено за Србија да сака да се приклучи на една незаконитост. Тука има одредена контрадикторност“, рече Кушнер.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар