Отворен Сараевскиот филмски фестивал

15/08/2008

На овогодинешниот Сараевски филмски фестивал ќе бидат прикажани повеќе од 170 филмови во 15 програми. Учесниците од целиот свет ќе можат да видат документарни, играни и краткометражни филмови од регионот на Југоисточна Европа.

Од Енвеса Хоџиќ-Ковач за Southeast European Times во Сараево -- 15/08/08

photo

Сараевскиот филмски фестивал беше отворен во петокот вечер (16-ти август). [Енвеса Хоџиќ-Ковач]

Четиринаесеттиот Сараевски филмски фестивал (СФФ) беше отворен во петокот (15-ти август) со прикажувањето на филмот „Снег“ -- босанско-германско-француско-иранска копродукција во режија на Аида Бегиќ од Босна и Херцеговина (БиХ). Филмот ја имаше својата премиера на Канскиот филмски фестивал и освои гран во програмата Недела на критиката.

Овогодинешниот СФФ нуди разновиден избор од 174 филмови -- претежно независни продукции -- на уметници од целиот свет. Филмовите ќе бидат претставени во 15 програми: Натпреварувачка програма - игран филм, Натпреварувачка програма - краткометражен филм, Во фокусот, Натпреварувачки дел - документарен филм, Посветено: Тод Хејнес, Панорама, Панорама документарен, Нови текови, Нови текови краткометражни, Опен ер, Детска програма, Тин арена, Ол шортс, Специјални проекции и Сараево град на филмот.

Американските актери Кевин Спејси и Орландо Блум се меѓу ѕвездите кои ќе присуствуваат на фестивалот, кој ќе трае до 23-ти август.

Регионалната филмска индустрија и нејзиното промовирање и развој се главниот фокус на фестивалот, што резултира со проекција на 62 регионални продукции. Главниот настан е Натпреварувачката програма, која е отворена за филмските работници од Албанија, Австрија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска, Кипар, Унгарија, Македонија, Малта, Романија, Србија, Словенија, Турција и Косово.

Во Натпреварувачката програма за игран филм, десет филма ќе се натпреваруваат за четири награди: Најдобар филм, Специјална награда на жирито, Најдобра актерка и Најдобар актер.

Овогодишни учесници се: „Никогаш не сме биле во Венеција“ (Словенија), „Бјуик Ривиера“ (Хрватска-БиХ), „Четвртиот човек“ (Србија), „Девојки“ (Унгарија), „Делта“ (Унгарија), „Точка“ (Турција), „Мојот Марлон и Брандо“ (Турција), „Есен“ (Турција-Германија), „Кино Лика“ (Хрватска) и „Март“ (Австрија).

Во Натпреварувачката програма за краткометражен филм, 16 регионални краткометражни филмови ќе се натпреваруваат за Најдобар филм и Специјално признание.

Поврзани написи

Loading

Во делот за документарен филм, 15 регионални документарни филмови се борат за наградата Најдобар филм и Награда за човекови права, која беше основана од швајцарското Министерство за надворешни работи. Други фестивалски награди се: При УИП за најдобар краткометражен филм, ЕДН Талент грант, награда ЦИЦАЕ, Награда на публиката и Награда на жирито ФИПРЕСЦИ.

СФФ и неговата индустриска секција, Синелинг копродакшн маркет, им ги претставуваат најдобрите играни филмови и филмови во изработка на филмските режисери, продуценти и директори од Југоисточна Европа на меѓународните дистрибутери, телевизиските купувачи и фестивалските програми.

До денес, со заложбите на Синелинг, направени се 12 филмови -- од кои два ќе се појават во овогодинешната Натпреварувачка програма.

СФФ, еден од најголемите културни настани во БиХ, дочекува повеќе од 100.000 учесници секоја година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар