Бугарија презема чекори за справување со недостатоците што го посочи ЕУ

12/08/2008

Бугарската влада усвои акционен план минатата недела, кој предвидува десетици мерки за справување со организираниот криминал и корупцијата во земјата и обезбедување сигурно управување со средствата на ЕУ.

(Дневник - 10/08/08; Europe.bg - 08/08/08; БТA, Europe.bg, бугарска влада - 07/08/08)

photo

Бугарскиот премиер Сергеј Станишев повика на „целосна мобилизација“ на институциите, како одговор на критиките од ЕУ. [Getty Images]

Бугарската влада во четвртокот (7-ми август) одобри серија мерки за решавање на проблемите и недостатоците во управувањето со средствата на ЕУ и борба против организираниот криминал и корупцијата.

Овој потег уследи околу две недели откако Европската комисија (ЕК) замрзна скоро 500 милиони евра помош за оваа балканска земја, поради нејзиното нерешавање на константните слабости во овие области за време на своето 18-месечно членство во Унијата. Таа, исто така, ги повлече акредитациите на двете државни агенции што ги користат средствата од предпристапната програма ФАРЕ поради случаи на сомневање за измами и нерегуларности, но рече дека ќе ја промени одлуката откако Софија ќе преземе корективни дејства.

Акциониот план на 200 страници усвоен од бугарската влада минатата недела детално ги образложува конкретните мерки што земјата ќе ги преземе до крајот на оваа недела.

Меѓу нив се и составување на листа на луѓе и претпријатија за кои е докажано дека ги прекршиле правилата на ЕУ или се под истрага за измама од 15-ти септември и зголемување на персоналот во клучните агенции што располагаат со европските финансии до крајот на декември. Покрај ова, нови независни ревизии на двете агенции кои ги изгубија акредитациите се закажани за 10-ти септември, а извештај во кој детално ќе се образложат сите случаи на нерегуларности и измама во управувањето со средствата на ЕУ се очекува до 23-ти септември.

Акциониот план, исто така, наверува 80 мерки што владата ќе ги преземе до крајот на 2008 година во судските реформи и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

На пример, нова специјализирана единица која ќе се занимава со организираниот криминал, ќе работи во рамките на Министерството за внатрешни работи од 15-ти септември. Овие и други чекори наведени во документот имаат за цел подобрување на интеракцијата меѓу министерствата, Државната агенција за државна безбедност (САНЦ) и обвинителството.

Од другите мерки што следат следниот месец се и: измените во антикорупциската комисија под Советот на министри и формирањето парламентарна подкомисија за спроведување контрола врз активностите на САНЦ.

Измените во регулаторната рамка, кои ги обврзуваат банките да ги стават на листа конкретните суми на секоја трансакција поголема од 30.000 лева (околу 15.000 евра) се закажани за 15-ти октомври, како дел од напорите за искоренување на перењето пари.

До крајот на ноември, секој суд во Бугарија мора да има сопствена веб-страница за сите свои одлуки и пресуди. Усвојувањето на амандмани на кривичниот законик кои ЕУ долго време ги бараше и унифициран етички кодекс за судиите, исто така, се закажани за ноември.

Измените во легислативата што ги регулираат финансирањата на политичките партии и понатамошните чекори против корупцијата во здравството и другите сектори се предвидени за декември.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading