Бугарија размислува околу начините за намалување на судските постапки за кршење на човековите права

06/08/2008

Бугарија плаќа стотици илјадници евра годишно отштета, одредени од Европскиот суд за човекови права.

(Софија еџо - 13/06/08; СНА, Медиапул, Дневник, бугарско Министерство за правда - 10/06/08; Eвропски суд за човекови права)

photo

Министерот за правда, Миглена Тачева, повика на итни мерки за намалување на огромниот број судски постапки за кршење на човековите права во Бугарија. [File]

Изразувајќи загриженост во врска со зголемувањето на бројот на барања поднесени до Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) против Бугарија во последните години, министерот за правда, Миглена Тачева, повика на итни мерки против алармантната тенденција.

Бугарија платила преку 950.000 евра за отштети одредени од страна на судот со седиште во Стразбур од 1995 година досега, и други 76.000 евра за пријателски спогодби, рече Тачева на тркалезната маса во Софија претходно летово. На крајот на 2007 година имаше 1.835 отворени случаи против Бугарија, а бројот на нови случаи поднесени во нејзиното министерство само во текот на таа година достигна 127. Ако тенденцијата продолжи, бројот ќе се зголеми уште повеќе оваа година, предупреди таа.

Главната цел е намалување на обемот на кршењата на основните човекови права кои доведуваат до барања пред ЕЦХР, рече Тачева. Таа, исто така, повика на мерки за целосно усогласување на националната легислатива со Европската конвенција за човекови права, според која е формиран и судот во Стразбур.

Според годишниот извештај на ЕЦХР за 2007 година, вкупниот број на пресуди против Бугарија минатата година изнесуваше 53, при што 51 покриваа најмалку еден прекршок. Најчести прекршувања биле на правото на слобода и безбедност (19), правото на навремено судење (19) и правото на ефикасно лекување (17).

Надоместоците одредени со пресудите на ЕЦХР ги покрива федералниот буџет, односно парите на даночните обврзници.

Поврзани написи

Loading

Говорејќи на тркалезната маса, на која присуствуваа претставниците на владата, парламентот, судството, универзитетите и невладините организации, Тачева повика на измени во легислативата со цел да се овозможи разрешување на судии чии пресуди предизвикуваат судски постапки за кршење на човекови права против Бугарија во Стразбур.

Таа побара да се формира експертска група која ќе подготви стратегија за надминување на причините за судските постапки на ЕЦХР против Бугарија и решавање на проблемите што произлегуваат од нив.

Идејата е да се обезбеди механизам за луѓето да добиваат надоместок за штетите што ги претрпеле без да мора да одат во судот во Стразбур, рече таа. Ова ќе го направи процесот и многу побрз, бидејќи апликациите што моментно ги разгледува ЕЦХР се од 1998 година, додаде Тачева.

Според статистичките податоци на ЕЦХР за заостанатите случаи на судот во 2007 година, 1.835 случаи на Бугарија што чекаат, ја ставаат земјата на 11-тото место помеѓу 47-те членки на Советот на Европа и потписничките на конвенцијата за човекови права. Земји со најголем број отворени случаи се Русија (20.296), Турција (9.173) и Романија (8.275). Тие, сепак, имаат многу подобри резултати откалку Бугарија земено по глава на жител, кога ќе се споредат цифрите на апликации против нив кои стигнале до телото за одлуки на ЕЦХР во 2007 година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар