Економскиот раст на Романија ги надмина очекувањата

04/08/2008

И покрај превирањата на меѓународниот пазар, Романија постигна четирипати повисок економски раст отколку една просечна земја на ЕУ во првото тримесечје на оваа година.

Од Пол Чикој за Southeast European Times во Букурешт -- 04/08/08

photo

Мугур Исареску, гувернер на Националната банка на Романија, предвидува континуиран економски раст во втората половина од 2008 година. [Getty Images]

Романската економија доживеа раст за 8,2 отсто во првото тримесечје од 2008 година, што претставува најголем скок од 1990 година за ова тримесечје, според Националниот институт за статистика. БДП за првото тримесечје беше 23,5 милијарди евра. За споредба, просечниот економски раст на земјите од ЕУ изнесуваше околу 2,4 отсто за истиот период, според Еуростат.

Ова е меѓу најдобрите пет тримесечја што Романија ги регистрирала од 1990 година досега, според Зиарул финансиар. БДП уживаше раст од 8,3 отсто во третото тримесечје од 2006 година.

Националната комисија за прогнозирање (ЦНП) проценува дека економскиот раст на Романија ќе се издигне над годишниот праг од 5 отсто до 2020 година, при што БДП ќе достигне 442,3 милијарди евра. Сепак, ЦНП предвидува дека растот ќе падне на 6,5 отсто до крајот на оваа година и ќе надмине 6 отсто само во 2009 година.

Романскиот економски раст би можел да надмине 6 отсто во 2008 година ако постои добро земјоделско производство, рече Мугур Исареску, гуверенерот на Националната банка на Романија, објаснувајќи дека производството би можело да додаде една милијарда евра или 1 отсто од БДП. Министерот за економија, Варујан Восганиан, исто така, изрази оптимизам, велејќи дека растот би можел да продолжи во второто тримесечје и да го достигне прагот од 8 отсто.

Просечната месечна плата ќе се зголеми за 166 отсто до 2020 година, на 1.133 евра, во споредба со сегашните 425 евра, според ЦНП. Невработеноста ќе остане на нивото регистирано минатата годијна, 4,1 отсто.

Аналитичарите предвидуваат дека поволните економски изгледи ќе влијаат на растот на домашната валута и ќе охрабрат повеќе странски инвестиции. Според неодамнешната заедничка анкета на агенцијата „Томсон Ројтерс“ и австриската „Остерајхише контролбанк“, романската бизнис клима е една од најпривлечните во Централна и Источна Европа, регион во кој странските инвестиции ќе достигнат 100 милијарди евра во 2008 година. Според истражувањето на „Мергермаркет“ експертите за приватен капитал предвидуваат дека „нова Европа“ -- со Полска и Романија на чело -- ќе ја надмине Азија, Русија и Јужна Америка во привлекувањето западни инвестиции.

Според „Еуростат“, Романија се рангираше на 15-тото место на листата на приматели на странски директни инвестиции минатата година, со 7,3 милијарди евра. Според Романската агенција за странски инвестиции, францускиот производител на автомобили „рено“ беше број еден инвеститор во Романија во 2007 година, со преку 670 милиони евра.

Настрана од оптимистичките цифри, Европската комисија неодамна ја повика Романија да ги забрза структурните реформи и фискалната консолидација. ЕК предупреди дека номиналниот буџетски дефицит би можел да достигне 2,9 отсто во 2008 година, што е зголемување од 2,5 отсто минатата година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading