Бегалец обвинет за воени злосторства: Ратко Младиќ

25/07/2008

Поранешниот командант на босанските Срби Ратко Младиќ сега се наоѓа на врвот од листата на најбарани обвинети на МКТЈ, по апсењето на Радован Караџиќ. Младиќ бега од властите од 2000 година.

(Разни извори)

photo

Ратко Младиќ. [Архива]

Поранешниот командант на босанските Срби Ратко Младиќ е еден од најбараните обвинети на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ). Тој за првпат беше обвинет заедно со поранешниот претседател на босанските Срби Радован Караџиќ во јули 1995 година. МКТЈ го потврди второто обвинение во ноември истата година. Трибуналот издаде изменето обвинение, кое го покрива периодот помеѓу 12-ти мај 1992 и 22-ри декември 1996 година, во ноември 2002 година.

Младиќ е роден на 12-ти март 1943 година во Калиновик, Босна и Херцеговина (БиХ). По завршувањето на воената академија на Југословенската народна армија (ЈНА) во Белград, тој станува редовен војник на ЈНА. Распределен е во Книн, Хрватска, во 1991 година, како команднат на Деветтиот корпус на ЈНА. Во април 1992 година тој ја презема командата на Втората воена област на ЈНА, со седиште во Сараево. Следниот месец Младиќ станал командант на главниот штаб на војската на босанските Срби (ВРС), позиција на која останал до декември 1996 година.

Обвинението го товари Младиќ, врз основа на неговата индивидуална и супериорна криминална одговорност, по 13 точки за злосторства против човештвото и кршење на законите или обичаите на војувањето, за дејства на прогон, убивање, депортација и нехумани дејства, тероризирање и земање заложници, во кои наводно учествувал. Покрај ова, тој се соочува по две точки за геноцид -- вклучително, но не и единствено -- и за масакрот на 8.000 мажи и момчиња од босанските муслимани за време на српската агресија во заштитената зона на ОН Сребреница во јули 1995 година.

Според обвинението, Младиќ „извршил или на друг начин помогнал или поттикнал планирање, подготвување или извршување на намерно делумно уништување на националната, етничката, расната или верската група на босанските муслимани, како што е од Кључ, Котор Варош, Приедор, Сански Мост и Сребреница“.

Во обвинението, исто така, се наведува дека од мај 1992 година силите под команда на Младиќ пукале со снајпери и го гранатирале градот Сараево, убивајќи и ранувајќи цивили и со тоа, предизвикувајќи терор врз населението. Во четириесетичетиримесечната опсада на главниот град на БиХ, наводно, се убиени 10.500 луѓе, вклучително и 1.800 деца, а се ранети 50.000 луѓе.

Поранешниот водач на ВРС, според обвинението, дејствувајќи индивидуално или во координација со други, учествувал во заеднички криминални дејства во БиХ, чија цел била „елиминирање или трајно отстранување, со сила или други средства, на босанските муслимани, босанските Хрвати или другото несрпско население од големи области во земјата“.

Обвинувајќи го Младиќ за супериорна криминална одговорност за дејства или пропусти помеѓу 12-ти мај 1992 и 22-ри декември 1996 година, обвинителите на МКТЈ рекоа дека како највисок офицер на ВРС во тоа време, тој му бил подреден единствено на претседателот на босанските Срби. „Како таков, тој имал целосно овластување и одговорност за функционирањето на ВРС. Тој бил одговорен за планирањето и водењето на сите операции на ВРС и за следењето на активностите на сите подредени офицери и единици за да се загарантира спроведувањето на неговите наредби“.

Младиќ, исто така, наводно сносел индивидуална одговорност за воените злосторства, „кои ги планирал, поттикнувал, наредувал, извршувал или чие планирање, извршување или спроведување тој го помагал или го поттикнувал на друг начин“.

Поврзани написи

Loading

По крајот на конфликтот во БиХ, Младиќ се вратил во Белград, каде што живеел слободно под заштита на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ и честопати се појавувал на фудбалски натпревари, во ресторани и на црногорските плажи. Откако реформистичката влада предводена од покојниот премиер Зоран Ѓинѓиќ дојде на власт -- по соборувањето на режимот на Милошевиќ во октомври 2000 година -- Младиќ, наводно, го напуштил Белград за да избегне евентуално апсење и предавање на Трибуналот со седиште во Хаг.

Но, поранешната главна обвинителка на МКТЈ, Карла дел Понте, постојано инсистираше на тоа дека бегалецот е во Србија и дека ужива заштита од војската. Властите во Белград го негираа тоа.

Сепак, откритијата на крајот од 2004 година како да ги поткрепија наводите на Дел Понте. Еден извештај од крајот на ноември објавен во сараевски весник ги вклучуваше и воените досиеја на персоналот на Младиќ, покажувајќи ги неговите соодветни отпуштања од Југословенската армија во 2001 година и од ВРС во 2002 година. Неколку дена подоцна српскиот претседател Борис Тадиќ потврди дека Младиќ примал пензија од српско-црногорската војска на редовна база и дека неговото право на тоа било неотповикливо.

Дипломатски извори понатаму посочуваа дека во летото 2004 година Младиќ се криел во воен комплекс во близина на градот Хан Пијесак во источна БиХ и дека живеел во Србија на почетокот од јуни истата година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's