Возење на автогас: нов тренд во Хрватска

21/07/2008

Поради големиот пораст на цените на суровата нафта, хрватските возачи бараат алтернативи за бензинот.

Од Кристина Чук за Southeast European Times во Загреб – 21/07/08

photo

[Getty Images]

Цените на бензинот во Хрватска достигнаа 1,30 евра за литар -- највисока цена досега -- и имаат тенденција да продолжат да растат, но цената на течниот нафтен гас (ЛПГ), или автогасот, останува 0,45 евра за литар. Со оглед на ова, не е чудно што околу 30.000 Хрвати возат на автогас и што бројот постојано се зголемува, вели хрватското Министерство за заштита на животната средина, урбанизам и градежништво.

Во својот План за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот, министерството проценува дека до 2010 година 150,000 возачи во Хрватска ќе преминат на автогас.

Тие се дел од светски тренд. Различни земји, како што се Пакистан, Австрија и Тајван, јавуваат за зголемен интерес за системите на ЛПГ.

Во моментов во Хрватска постојат 90 бензиски пумпи што се снабдени со автогас. Притиснати од превисоките цени на бензинот, сé повеќе возачи ги менуваат своите автомобили на автогас. Побарувачката за системот на ЛПГ е толку голема што возачите чекаат со недели на инсталирање.

Системот за автогас чини околу 1.000 евра, што брзо се надоместува со оглед на тоа што цената на автогасот е само делче од цената на бензинот. На крајот, системот за автогас дава заштеда на горивото од околу 60 отсто, во споредба со конвенционалниот бензински мотор.

Возачите што го користат економичниот систем на автогас велат дека инвестицијата се надоместува по околу 20.000 километри. Автомобил што поминува 40.000 километри годишно ќе му заштеди на својот сопственик, според некои пресметки, доволно за да купи нов автомобил.

Поврзани написи

Loading

Но, ова не се единствените предности. Автомобилите што се движат на автогас го намалуваат загадувањето на животната средина, бидејќи автогасот не содржи олово, ниту сулфур. Покрај ова, емисијата на јаглероден моноксид е за половина помала од онаа на бензинот, со уште помалку јаглероден диоксид. Во суштина, автогасот е чистосогорувачко фосилно гориво.

Трајноста на еден мотор на автомобил кој се движи на автогас е генерално помала. Сепак, тоа не е така за некои модели, кои бараат многу поправки ако работат на автогас.

Другите возачи се снаоѓаат со мешање на стара и нова нафта за домаќинствата и користење на мешавината за своите автомобили. Други, пак, сосема се откажуваат од возењето за на работа -- тие го користат јавниот транспорт или велосипедите.

Сепак, зголемувањето на цената на бензинот не претставува најголем предизвик на животот во Хрватска. Инфлацијата на сите нивоа го влече надолу животниот стандард на земјата, особено за оние со ниски примања кои се борат да си обезбедат храна и други неопходности.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар