17/07/2008
Оваа година по 45-ти пат се одржа фестивалот Галичка свадба во село на југозапад од Скопје. Фестивалот го прославува времето кога печалбарите се враќале дома да се оженат на традиционална македонска церемонија.
Од Марина Стојановски за Southeast European Times во Скопје --17/07/08
![]() Мажи играат оро пред црквата Св.Петар и Павле на свадбата во Галичник, 150 километри југозападно од Скопје. [Getty Images] |
Овој македонски фестивал се одржува секоја година во селото Галичник, во близина на Дебар, кога за избран пар се одржува традиционална венчавка. Настанот на 12-ти јули е дел од македонскиот фолклор, како рефлексија на времињата кога истовремено се одржувале 30 венчавки во Галичник. Масовното враќање на печалбарите во регионот на Галичник резултирал со масовни венчавки. Имигрантите се враќале во своето село пред Петровден и заминувале за Митровден (8-ми ноември).
Оваа година младиот пар Игор Бундалески и Дафина Гроздановска уживаше во својата традиционална галичка свадба. Прославата започна во саботата изутрина кога идниот зет го украси местото на венчавката со цвеќиња и испука куршуми.
Според традицијата, идната свекрва ги пречека роднините со леб и вода и игри „свекрвино оро“. Младоженецот традиционално се бричи, што го симболизира крајот на момчешкиот живот.
Главниот дел од венчавката се одржува во недела, кога свадбарите ја посетуваат невестата, доаѓајќи на коњи. Кумот носи мало дете со него. Детето седи со свадбарите на невестата, што ја симболизира нејзината способност да има син.
Во нејзината куќа кумот подарува украсен бајрак, а невестата ги служи свадбарите со вино и ракија, локален пијалак. Потоа свадбарите одат до бунарот во селото, каде што невестата, за последен пат како мома, полни бардаци со вода. На средсело мажите го играат „тешкото“, традиционално македонско оро, кое ги претставува тешкотиите на македонските печалбари низ вековите.
Настанот завршува со венчавката во недела попладне во црквата Св.Петар и Павле. За поголема автентичност, невестата, зетот и свадбарите носат традиционална галичка селска носија, која изврзана со свила и злато, е една од најколоритните македонски примероци на народна носија. Само носијата на невесата тежи околу 40 килограми.
Оваа година, како и секоја година, на свадбената церемонија во Галичник присуствуваа многу посетители. Туристите ја документираа големата локална атракција со фотографии и видео-снимки.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's