Фестивалот ЕГЗИТ во сенка на загинувањето на една девојка

16/07/2008

Иако повеќе од 160.000 луѓе го посетија овогодинешниот музички фестивал ЕГЗИТ во северниот српски град Нови Сад, трагичната смрт на една девојка го фрли во сенка настанот.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 16/07/08

photo

Гранка од дрво падна во кампот на фестивалот додека посетителите спиеле. [myexit.org]

На осмиот по ред фестивал ЕГЗИТ, кој се одржа во северниот српски град Нови Сад од 10-ти до 13-ти јули, дојдоа повеќе од 160.000 млади луѓе од целиот свет. Посетителите уживаа во настапите на околу 600 уметници на 25 сцени.

Но, трагичната смрт на една Србинка ги фрли ја сенка забавата. Јелена Матиќ (28) од Параќин, загина во неделата (13-ти јули), кога голема гранка падна врз нејзиниот шатор. Гранката, откршена од налетот на силниот ветар, сериозно повреди тројца други млади -- двајца Македонци и една Англичанка.

Градоначалникот на Нови Сад, Игор Павличиќ, најави истрага за утврдување дали градот сноси вина поради неотстранувањето на опасните гранки над кампот каде што посетителите на фестивалот спиеја. Организаторите на ЕГЗИТ предложија да се формира фондација со името на Матиќ која ќе го финансира образованието на студентите од Параќин.

Сé на сé, тие изразија задоволство од бројот на посетителите, иако истиот не ги исполна очекувањата за 200.000. Околу 20.000 странски посетители присуствуваа на фестивалот од Сингапур, Панама и Јапонија, додека околу 1.500 дојдоа од Канада. Според организаторите на фестивалот, 500 Австралијци присуствувале на фестивалот. Повеќето странци дојдоа од Велика Британија во организирани групи. Домаќините ги дочекаа посетителите со леб, сол и ракија -- традиционална форма на гостопримливост во Србија.

Бројот на локалните посетители беше нешто под очекувањата можеби поради високата цена на билетите -- еднодневната пропусница за фестивалот чинеше 50 евра. Просечен Србин заработува околу 350 евра месечно.

„Ова беше најдобар ЕГЗИТ досега, со исклучок на несреќата што се случи во кампот“, рече организаторот Рајко Божиќ.

Главни ѕвезди на фестивалот беа антиглобалистичката група Ману Чао и британската панк-група Секс пистолс, кои свиреа за првпат во Србија. Тие го затворија фестивалот со 90-минутен настап, вклучително и два биса.

ЕГЗИТ -- кој почна пред осум години како еден вид на протест против режимот на Слободан Милошевиќ -- уште еднаш оваа година покажа дека е повеќе од музички фестивал. Мисијата на ОБСЕ во Србија организираше голем број панел-дискусии меѓу концертите.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading