Tурција шокирана од наводите во истрагата против Ергенекон

16/07/2008

Група пензионирани турски војници и екстремни националисти се соочуваат со обвиненија дека се припадници на наводна „терористичка мрежа“, чија цел била соборување на владата со исламски корени.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 16/07/08

photo

Целта на организацијата била „уништување на државната власт“, рече истанбулскиот главен обвинител Ајкут Ченгиз Енгин. [AФП]

Обвинението против таинствената група Ергенекон заврши во суд во понеделникот (14-ти јули), по 13-месечната истрага. Обвинението опфаќа точки против 84 осомничени лица. Дополнителното обвинение што ќе следи ќе вклучи точки против 20 други осомничени што беа притворени претходно овој месец. Пензионираните генерали со четири ѕвезди, Хурсит Толон и Сенер Ерјугур, од кои вториот претседава со Здружението Ататуркска мисла, се наводни водачи на групата.

Турската секуларна опозиција тврди дека случајот поддржан од владата претставува „одмазда“ за тековниот случај на затворање против владејачката Партијата на правдата и развојот (АКП), со исламски корени, во Уставниот суд. Двата случаи ја продлабочија најголемата политичка криза во последниве децении.

Обвинението против Ергенекон на 2.455 страници и понатаму е доверливо, но информациите кои протекоа до медиумите содржат сензационални тврдења за последните настани во Турција.

Главниот истанбулски обвинител, Ајкут Ченгиз Енгин, во понеделникот рече дека наводните членови на Ергенекон се соочуваат со обвиненија дека „поттикнувале други лица“ да извршат неколку напади, вклучително и минатогодишното пукање во Државниот совет и нападот со рачна граната на седиштето во Истанбул на секуларниот весник Чумхуријет.

Набљудувачите првично им ги препишаа овие инциденти на радикалните исламски милитанти, претставувајќи ги како симптоми на една поголема закана од тероризам во претежно муслиманската, но секуларна држава. Претходните извештаи во медиумите за Ергенекон ја поврзуваа групата со убиството на турско-ерменскиот новинар Хрант Динк, макар што тоа не е опфатено со обвинението.

Енгин рече дека осомничените й припаѓале на „вооружена терористичка група“ која новинарите ја идентификуваа како Ергенекон. „Терористичката организација спомената во обвинението не е сепаратистичка или идеолошка организација во класна смисла“, рече Енгин. Но сепак, таа се дефинира како „терористичка група“ според турскиот закон.

Истрагата започна минатата година, кога полицијата откри куќа полна со муниција и пушки во истанбулската област Умраније. Полицијата најпрво уапси група ветерани од низок ранг и членови на една криминална организација, но операцијата се прошири и опфати и екстремни националистички и секуларни политичари, новинари и други осомничени, откако турскиот главен обвинител побара од Уставниот суд да ја затвори владејачката АКП, на темел на тоа што го поткопува секуларниот систем на Турција.

АКП негира какво било влијаење врз судството за случајот, но не таи дека ја поддржува истрагата.

Во обвинението се тврди дека Ергенекон, наводно под контрола на некои пензионирани генерали и со врски со нактивни војници, има за цел да стане вистинска сила во Турција. Обвинителите велат дека Ергенекон има распространети ќелии, но дека тие ќелии немаат контакт меѓу себе и добиваат инструкции од врвот. Во обвинението се тврди дека Ергенекон се обидела да предизвика хемиска и биолошка војна и дека стои зад трговијата со дрога во Турција.

И покрај овие сензационалистички тврдења, обвинителите треба допрва да достават докази за поврзаноста помеѓу познатите криминалци кои се уапсени и другите осомничени, имено, поранешни генерали, политичари и новинари, познати по силното притивење на владата со исламски корени. Обвинителството вели дека има околу 20 сведоци кои ќе сведочат со заштитен идентитет.

Ерјугур е обвинет дека подготвил неколку неуспешни обиди за државен удар во текот и по неговиот мандат како командант на жандармериските сили помеѓу 2002 и 2004 година. Генералот, исто така, се соочува со обвиненија дека планирал насилни напади и атентанти оваа година за да предизвика воено соборување на владата на АКП.

Поврзани написи

Loading

Притворените поранешни генерали инсистираат на тоа дека не сториле ништо нелегално или против интересите на Турција, а турските вооружени сили негираат каква било поврзаност со Ергенекон.

И покрај кризата, за некои либерални аналитичари, процесот претставува важен чекор во зајакнувањето на турската демократија. „Ова е почеток на нов период во Турција“, рече Али Бајрамоглу, новинар во провладиниот весник Јениi Сафак. „Во земја каде што имаме две директни и две индиректни воени интервенции, сега за првпат пензионирани генерали се изведени на суд за подготвување државен удар“, рече тој.

Но, не го делат сите експерти мислењето на Бајрамоглу. Левичарскиот новинар и студент на Универзитетот во Анкара Туркер Алкан смета дека истрагата ја одразува борбата за власт помеѓу секуларистите и исламистите, а не придвижувањето кон повисоки демократски стандарди.

„Во историјата, нема пример за државен удар од страна на пензионирани генерали“, напиша Алкан во својата колумна во весникот Радикал. „Ниту некакви домашни, ниту пак меѓународни услови можат да оправдаат државен удар во Турција денес.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар