Турската владејачка партија го негираше исламизмот во суд

04/07/2008

Владејачката АКП пред Уставниот суд рече дека нема скриена агенда за воведување исламистичка управа во земјата. Највисокиот турски суд се очекува да ја донесе пресудата за критикуваната партија за четири до пет недели.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 04/07/08

photo

Вицепремиерот Чемил Чичек во четвртокот (3-ти јули) пред Уставниот суд рече дека повеќето тврдења од обвинението се засновани на погрешни информации или медиумски извештаи. [Getty Images]

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) се бранеше себеси пред Уставниот суд во четвртокот (3-ти јули), против обвиненијата дека спроведува скриена агенда за воведување исламистичка управа во оваа секуларна држава.

Вицепремиерот Чемил Чичек и пратеникот Бекир Боздаг му рекоа на највисокиот суд во земјата за време на шестиполчасовното рочиште дека главната цел на партијата е понатамошна демократизација на земјата, со почитување на верата и вредностите на народот, а не заложба за исламизација.

Во вторникот државниот обвинител Абдурахман Јалцинкаја му рече на судот дека АКП стана „средишна точка“ на активностите насочени кон уништување на секуларниот карактер на државата. Тој рече дека можната исламистичка управа претставува „јасна и присутна“ опасност за Турција.

Јалцинкаја побара партијата да се затвори и нејзините 71 водечки функционер -- вклучително и премиерот Тајип Ердоган -- да добијат забрана да се занимаваат со политика пет години. Во обвинението државниот обвинител наведува различни изјави и политики на АКП, за кои тој тврди дека се дел од еден поширок план за уништување на секуларниот систем и воведување исламистичка управа.

Меѓу другото тој ги истакна следните: исполнувањето илјадници државни позиции со исламисти, забраната за продажба на алкохол во рестораните што ги водат властите на АКП, обидите за проширување на курсевите за Коранот и на крајот, контроверзниот потег со кој им се дозволи на жените да носат шамии на универзитетите, што генерално се толкува како идеолошки симбол.

Поврзани написи

Loading

Чичек на судот му рече дека повеќето тврдења од обвинението се засновани на погрешни информации или медиумски извештаи. Тој даде различни примери за реформи иницирани од АКП. Вицепремиерот, исто така, тврдеше дека забраната на АКП би било спротивно на големите меѓународни договори за човекови права, главно Европската конвенција за човекови права, која Турција ја ратификуваше.

И покрај стотиците страници одбрана од страна на АКП и повиците од ЕУ за спротивното, многумина аналитичари предвидуваат дека партијата ќе биде забранета -- судбина што ја доживеаја исламистичките партии во минатото, вклучително и Рефах Партиси и Фазилет Партиси. Сепак, за разлика од АКП, овие поранешни исламистички партии имаа поекстремен пристап и исклучително контроверзна политика. АКП се опишува себеси не како исламистичка, туку како „конзервативна демократска“ партија, и одржува проевропски став.

„[Турските граѓани] не гледаат јасна отворена опасност за демократијата. Според тоа, ако партијата биде забранета и случајот стигне до [Eвропскиот суд за човекови права], судот може да заклучи дека Турција не била во право да ја забрани партијата“, рече Риза Турман, поранешен турски судија во Европскиот суд за човекови права, за телевизијата СНН Турк. Тој предложи судот да упати строго предупредување до партијата да го почитува демократскиот и секуларниот карактер на државата, наместо да ја затвора.

Пресудата се очекува за четири до пет недели. Најмалку седум од единаесет судии мора да гласаат за затворање за судот да затвори една политичка партија. Ако АКП биде затворена, нејзините пратеници можат да се прегрупираат како нова партија. Турските медиуми посочуваат дека претставниците на АКП веќе започнаа со вакви подготовки. Ако Ердоган добие забрана да се занимава со политика, тој се очекува да ја контролира новата партија од зад сцената.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар