03/07/2008
Ривалските водачи на кипарските Турци и кипарските Грци постигнаа „принципиелна“ согласност за клучните прашања во неколкудеценискиот кипарски ќор-сокак, подгревајќи ги надежите дека наскоро ќе се постигне сеопфатно решение.
Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 03/07/08
![]() Кипарскиот претседател Деметрис Христофиас (десно) и водачот на кипарските Турци Мехмет Али Талат постигнаа согласност за некои клучни прашања. [Getty Images] |
„[Двајцата водачи] разговараа за прашањата на единствен суверенитет и државјанство, за кои постигнаа принципиелна согласност“, открија ОН во вторникот (1-ви јули), по состанокот помеѓу водачите на поделениот медитерански остров претседателот на кипарски Грци, Деметрис Христофиас, и водачот на кипарските Грци, Мехмет Али Талат. „Тие се согласија да разговараат околу деталите на нивното спроведување во текот на целосните преговори“, придолжија ОН.
Неочекуваното соопштение предизвика мешани реакции и очекувања во Кипар. Спорот околу суверенитетот и прашањето на државјанството се помеѓу најгорливи прашања на островот. Турската Република Северен Кипар долго време бара „конфедерација“ за да ги заштити правата на кипарските Турци.
Насилството во 1960-тите потисна многумина од нив во енклавите низ целиот остров. Поради тоа, тие се противат на каква било силна унитарна влада под контрола на кипарските Грци. Сепак, зачувувањето на единствениот суверенитет на Република Кипар претставува клучна позиција на кипарските Грци.
Последниот поголем обид за обединување на Кипар, односно Планот на Анан, кој кипарските Турци го одобрија, но кипарските Грци го отфрлија во 2004 година, предвидуваше „единствен меѓународен суверенитет“, но не обезбеди гаранција за турските жители на островот со истовремено признавање на „конститутивната држава на кипарските Турци“.
Деталите од договорот во вторникот за единствен суверенитет беа беа веднаш познати. Аналитичарите велат дека ОН намерно преферирале „конструктивна двосмисленост“ за суверенитетот и државјанството, со цел да ги охрабрат преговорите.
Договорот од вторникот претставува промена за кипарските Турци, но со овој потег Талат го принуди Христофиас да се согласи за брзо продолжување со целосните преговори. Досега владата на кипарските Грци го забавуваше процесот и инсистираше на сеопфатни подготовки пред почетокот на разговорите.
Националистите од кипарските Турци го критикуваа Талат во вторникот за прифаќањето -- макар и принципиелно -- на единствен суверенитет, за кој тие сметаат дека ја „преминува црвената линија“ на историската кауза на кипарските Турци. Сепак, владејачката Републиканска демократска партија, смета дека овој состанок е разочарување, со оглед на тоа што кипарските Грци не покажаа вистински интерес за брзо отпочнување сеопфатни разговори.
Христофиас се најде под притисок на неговите сопствени екстремисти. Кипарските Грци долго време се противеа на тоа да им се даде државјанство на Турците кои мигрирале во северен Кипар во последните три децении, но Христофиас неодамна изрази подготвеност да прифати 50.000 турски имигранти.
Претседателката на парламентот на кипарските Турци, Фатма Екеноглу, рече дека состанокот во вторникот е добар прв чекор. „Деталите на прашањата на суверенитетот и државјанството ќе бидат одредени откако ќе започна преговорите“, рече таа. Република Кипар, со која управуваат кипарските Грци, стана членка на ЕУ во 2004 година, но северниот дел од островот не доби бенефиции од членството, со оглед на тоа што ЕУ ја следи меѓународната практика на непризнавање на отцепената држава на кипарските Турци.
Водачите на кипарските Турци и кипарските Грци ќе се состанат повторно на 25-ти јули.