Силни експлозии во складиште за муниција ја потресоа Софија и околните села

03/07/2008

Серија силни експлозии во складиште за муниција во близина на Софија го потресоа главниот град на Бугарија во четвртокот изутрина, при што немаше човечки жртви, туку само материјална штета и значителна паника помеѓу локалното население.

(AФП, АП, Ројтерс, ДПА, Софија ечо, СНА, Дневник, Медиапул - 03/07/08)

photo

Жителите на Софија ги разбуди серија експлозии во четвртокот (3-ти јули). [Архива]

Tри лица се здобија со помали повреди кога серијата експлозии во воено складиште на околу 10 километри источно до Софија, го потресоа главниот бугарски град во четвртокот изутрина (3-ти јули). Експлозиите, кои траеја со часови, ги оштетија куќите во блиските села Челопечене, Казичене и Чепинтси и ги испаничија жителите.

„Утрово во 6 часот и 30 минути (0330 ГМТ) изби пожар во областа на Челопечене и уследија експлозии“, објави Министерството за итни ситуации.

Началникот на бугарскиот генералштаб, генерал Златан Стојков, ги увери жителите на Софија дека нема ризик од хемиска или радиоактивна контаминација.

„Муницијата за која станува збор е конвенционална армиска муниција, и не вклучува хемиски елементи, само барут“, рече тој еден час по првата експлозија. „Сé уште не ја знам причината.“

Официјалните претставници на одбраната рекоа дека складиштето содржело 1.500 тони различна муниција. Тие предупредија дека, со оглед на квантитето на муницијата, детонациите најверојатно ќе продолжат цел ден.

Најголемата опасност за граѓаните на Софија веќе помина, бидејќи 20-те тони ТНТ не експлодираа, Софиската новинска агенција (СНА) подоцна го цитираше министерот за одбрана Николај Цонев.

Луѓето во близина на локацијата рекоа дека виделе печурка-облак по првата експлозија. Многумина во Софија мислеле дека потресите се земјотрес. Еден дел од граната паднал на Софискиот меѓународен аердром, поради што властите ги пренасочија летовите во Пловдив.

Луѓето од трите блиски села се пожалија дека експлозиите ги оштетиле нивните домови. Експлозиите се почувствуваа сé до западниот дел од Софија, кршејќи ги прозорците во некои од најисточните делови од главниот град.

„Беше ужасно, парчиња врати, прозорци и сé беше околу мене“, изјави жител на Чепинци за приватната Нова ТВ.

Пожарникарите брзо стигнаа до областа, која полицијата веднаш ја изолираше. Софискиот градоначалник Бојко Борисов рече дека автобуси ќе ги евакуираат жителите на зафатените области. Тој ги повика да останат дома со затворени прозорци.

Поврзани написи

Loading

Министерството за итни ситуации подоцна одлучи да ги евакуира сите во дијаметар од 6 километри околу складиштето со муниција.

Континуираните експлозии го направија невозможен пристапот за спасувачите, кои ќе чекаат најмалку еден ден по последната експлозија, соопштија властите.

Премиерот Сергеј Станишев свика итна седница на владата. Но, со оглед на тоа што никој од властите, освен градоначалникот на Софија, не издаде изјава повеќе од еден час по првата голема експлозија, десничарските опозициски партии го повикаа министерот за итни ситуации, Емел Етем, итно да поднесе оставка. Тие, исто така, инсистираа на специјална парламентарна истрага.

„Повторно во време на кризи бугарската влада ги запостави своите должности“, се пожали Унијата на демократските сили.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар