01/07/2008
Цените на електричната енергија и гасот се зголемија во Романија и Бугарија во вторникот. Бугарите, исто така, се соочија со зголемувања на цените на централното греење и јавниот транспорт.
(Ројтерс, бТВ, Nine O'clock - 01/07/08; Дневник, Ромпрес, Медиафакс - 30/06/08; Софија ечо - 27/06/08; Ројтерс, АП, Медиапул, Софија ечо - 26/06/08)
![]() Бугарската влада објави голем раст на цените на струјата и греењето, кои се под државна контрола, за да ги амортизира зголемените меѓународни цени на горивото. [Getty Images] |
Бугарските домаќинства ќе плаќаат просечно 14 отсто повеќе за електрична енергија почнувајќи од вторник (1-ви јули). Цените на греењето, гасот и железничкиот транспорт, исто така, се зголемија во најсиромашната држава во ЕУ. Покрај ова, цената на билетите во еден правец со јавниот транспорт се зголемија за рекордни 43 отсто во Софија.
Објавувајќи ги новите цени на струјата, државниот енергетски регулатор минатата недела рече дека зголемувањата произлегуваат од зголемените меѓународни трошоци за горивото, но дека се пониски од она што побарале претпријатијата за јавни услуги. Бугарското претпријатие за гас, Булгаргаз, вршело притисок за 19,6 отсто зголемување на цената на природниот гас. Државната комисија за енергија и водостопанство (СЕВРЦ) одобри само 5,16 отсто зголемување.
Просечните 14 отсто зголемување на цената на струјата беа, исто така, за 4 отсто пониски од оние што првично ги разгледуваше регулаторот, рече шефот на СЕВРЦ, Костантин Шушелов. Од трите различни дистрибутери на струја што работат во земјата, Е.ОН доби одобрение за најголеми зголемување од 17,7 отсто.
Бугарите, исто така, ќе плаќаат во просек 13 отсто повеќе за централно греење почнувајќи од вторник. Жителите на северниот град Русе се соочуваат со најголемо зголемување, 19,4 отсто.
Во вторник Бугарските железници ги зголемија цените на билетите за железничкиот транспорт за 9,19 отсто, по истиот потег на автобуските линии, кои веќе го пренесоа своите зголемени цени на енергијата на патниците.
Растот на цените на енергијата предизвика загриженост за понатамошен притисок врз потрошувачките цени, кои се зголемија за рекордни 15 отсто за период од една година во мај. Бугарите предвидуваат дека ќе мора да ги намалат другите трошоци, вклучително и за исхраната, за да си дозволат летен одмор.
Слична загриженост постои и во Романија, каде што цените на гасот, регулирани од државата, се зголемија за 12,5 отсто во вторникот, додека оние за електричната енергија се зголемија за 4,4 отсто. Последното зголемување на цените на природниот гас беше во февруари, и изнесуваше 8,5 отсто, според државната новинска агенција Ромпрес.
Истата го цитира Националното регулаторно тело за енергија (АНРЕ) кое го оправдува зголемувањето со порастот на цените за набавка на гас помеѓу јануари и август. Агенцијата, исто така, настојува да обезбеди континуитет во дотурот на природен гас и зголемување на зимските резерви.
Извештаите посочуваат дека Е.ОН Гас и Дистригаз Суд, двата најголеми дистрибутери на гас што работат во Романија, вршат притисок за зголемување од 25 отсто, двојно повеќе од она што регулаторите на крајот го одобрија. Последниот скок на цената на струјата во Романија беше во април 2007 година, кога цените се зголемија за скоро 4 отсто во просек.
Според романскиот весник на англиски јазик Nine o'clock повисоките цени на јавните услуги најверојатно ќе ги зголемат цените на храната за 5 до 15 отсто. Сопствениците на хотели на романското крајбрежје, најверојатно, ќе ги зголемат цените на собите за 30 отсто од вечер.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's