Атина и Скопје сакаат напредок во разговорите за спорот околу името, вели Нимиц

30/06/2008

Претставникот на ЕУ Метју Нимиц на крајот од минатата недела се состана со грчките и македонските претставници, на разговори во врска со тековниот спор околу името. Претставникот се очекува да одржи уште еден круг разговори до 9-ти јули.

Од Зоран Николовски и Христос Рингас за Southeast European Times во Скопје и Атина -- 30/06/08

photo

Претставникот на ОН Метју Нимиц (лево) во петокот (27-ми јуни) во Скопје се состана со македонскиот премиер Никола Груевски. [Toмислав Георгиев]

По состанокот со претставниците од Грција и Македонија минатата недела, Метју Нимиц, претставникот на ОН во тековниот спор околу името, рече дека верува оти се во тек ефикасни разговори помеѓу Скопје и Атина, но дека на маса не се ставени конкретни предлози.

Коментарот на Нимиц уследи по неговиот состанок во четвртокот (26-ти јуни) со грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, и грчкиот претставник во разговорите, Адамантиос Василакис, во Атина, а потоа во петокот со македонскиот премиер Никола Груевски, претседателот Бранко Црвенковски и македонскиот преговарач Никола Димитров во Скопје.

Оптимистички, рече тој, двете земји сериозно им пристапија на разговорите. „Нема да кажам дека се затвора јазот, бидејќи ставовите за начинот на решавање на прашањето се различни, но двете земји изразија подготвеност да ја разгледаат можноста за постигнување напредок сега“, рече Нимиц по состаноците.

Атина јасно ги посочи прашањата за кои не се преговара. Главната грижа на земјата е да се најде заедничко име што ќе се користи дома и на меѓународен план. Најдобро решение, според грчката влада, е името да има географска одредница, како на пример Северна Македонија.

Грција рече дека нема да го прифати признавањето на „македонскиот“ идентитет и јазик. За време на неговата посета минатата недела, Нимиц рече дека ќе работи на тоа да се одвојат овие две прашања и да се најде име што ќе може да се користи за сите официјални референци на поранешната југословенска република.

Поврзани написи

Loading

Во април Грција го блокираше пристапот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт. Според грчкиот премиер Костас Караманлис, Европскиот совет рекол дека изнаоѓањето решение за ова прашање претставува предуслов за европската интеграција на Македонија. „Се надеваме дека новата влада ќе ја напушти провокативната реторика од предизборниот период, со цел да се најде взаемно прифатливо решение“, рече премиерот.

Во петокот во Скопје Нимиц се состана со Груевски и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. Тој имаше одделен состанок со Црвенковски. Локалните медиуми ги толкуваа одделните состаноци како доказ за несогласувањата помеѓу претседателот и премиерот за некои работи.

Според некои извештаи на медиумите, Груевски го отворил прашањето за Македонците во северна Грција и нивните малцински права. Наводно, премиерот побарал на тие групи, кои ја напуштија Македонија за време на грчката граѓанска војна, да им се врати државјанството и имотот.

Атина вели дека на договорот мора да му претходат разговори за неговото спроведување. Претставникот се очекува да го објави својот следен чекор во преговорите околу спорот оваа недела, кога најверојатно ќе има и уште еден круг интензивни дипломатски контакти и директни состаноци со претставниците на двете земји до 9-ти јули.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар