Хрватскиот вицепремиер го посети Авганистан

25/06/2008

Хрватската вицепремиерка Ѓурѓа Адлесиќ, политичар од највисок ранг од нејзината земја што досега го посетил Авганистан, се состана со хрватските војници што служат во мисијата ИСАФ.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 25/06/08

photo

Повеќе од 300 припадници на хрватската војска служат во Авганистан. [Getty Images]

Хрватската вицепремиерка Ѓурѓа Адлесиќ изминатиот викенд се врати во Загреб, по петдневната посета на Авганистан, каде што се состана со авганистанските официјални претставници и ги посети хрватските војници.

Адлесиќ е хрватски официјален претставник од највисок ранг што досега ги посетија војниците на нејзината земја во мисијата на Меѓународните сили за помош во безбедноста (ИСАФ) во Авганистан. Повеќе од 300 хрватски војници служат таму.

Адлесиќ се состана со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул и со шефот на агенцијата за животна средина и реструктуирање, Принц Мустафа. Карзаи ја истакна важноста на хрватското воено присуство во Авганистан и ги пофали војниците. Тој ја поздрави најавата дека Хрватска и понатаму ќе има војници во мисијата ИСАФ. Двајцата, исто така, разговараа за билатералната економска соработка.

Со оглед на тоа што Хрватска ќе пристапи во НАТО следната година, присуството на земјата во мировните мисии низ целиот свет се зголемува. Авганистан е една од најважните области каде што нејзините војници служат и нивното искуство во мисијата ИСАФ се смета за многу драгоцено.

Aдлесиќ помина три дена во хрватскиот воен камп во Авганистан и ги разгледа тековните хуманитарни проекти во земјата. Таа, исто така, посети една градинка што хрватските војници ја спонзорираа и реконструираа.

Нејзината посета на Авганистан беше строго чувана тајна, до нејзиното враќање дома. Медиумите не го покриваа патувањето од безбедносни причини.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading