Набљудувачите велат дека на прегласувањето во Македонија имаше „значително подобрување“

18/06/2008

Странските и домашните набљудувачи подобрувањето на прегласувањето во Македонија на 15-ти јуни го препишаа на силното полициско присуство.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 18/06/08

photo

Прегласување имаше на скоро 200 избирачки места во неделата (15-ти јуни). [Toмислав Георгиев]

Сé уште несовршено, но подобрено од изборите на 1-ви јуни, беше генералната оценка за делумното прегласување во Македонија во неделата (15-ти јуни). Во четири избирачки места повторно ќе има прегласување на 29-ти јуни, поради повторните нерегуларности. Мисијата на ОБСЕ соопшти дека 15-ти јуни „им даде на гласачите во областите каде што имасе сериозни нерегуларности на 1-ви јуни, можност да ја изразат својата волја во безбедна и генерално помирна атмосфера“.

Сепак, „и понатаму беа евидентни случаи на тензии и заплашувања ... Особено, многумина од оние што беа одговорни за претходно извршените изборни прекршувања и насилство и понатаму сносат одговорност“.

Македонската влада спроведе прегласување на 187 избирачки места во првата, втората и шестата изборна единица.

Официјалните претставници на ОБСЕ потврдија дека атмосферата била помирна, но ја обвинија државата за повторно неисполнување на основните изборни стандарди. „Изборите вчера покажаа извонредно подобрување во поглед на ... безбедноста. Се надевам и очекувам дека ова ќе биде показател оти земјата е подготвена да се справи со редица демократски предизвици кои остануваат“, рече координаторката на краткорочните набљудувачи на ОБСЕ, Пиа Крисмас-Молер, во понеделникот.

„Демократските институции мора да направат уште многу ... вклучително и да ги отстранат партиските активисти од високи полициски функции. Во спротивно, културата на неказнетост која преовладува во областите со етнички Албанци ќе продолжи, и ќе биде потребно огромно полициско присуство“ на идните избори, рече американскиот амбасадор Роберт Бери, шеф на долгорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Американската амбасада во Македонија, исто така, даде своја оценка. „Ги поздравувам органите на власта задолжени за спроведување на законот, заради нивното ефикасно и професионално однесување, како и заради нивната спремност да го применат законот во случаите на насилство и застрашување во близина на избирачките места“, се вели во писменото соопштение на амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ.

Поврзани написи

Loading

Граѓанското здружение МОСТ, кое имаше највеќе набљудувачи на избирачките места, оцени дека прегласувањето поминало мирно, иако со силно полициско присуство. Сепак, здружението информираше за сериозни прекршувања на изборните регулативи.

„Набљудувачите на МОСТ забележаа значителен број случаи на семејно гласање и гласање без соодветна документација и тоа најмногу во шестата изборна единица“, рече претседателот на МОСТ, Дарко Алексов.

Поради нерегуларности, како што е крадење на избирачки ливчиња, ќе има и второ прегласување на 29-ти јуни во четири избирачки места, каде што гласаат 3.000 гласачи. Тоа прегласување би можело да одреди уште едно парламентарно место.

Според резултатите што ги објави Државната изборна комисија, коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 63 места во следниот парламент. Сонце Коалицијата за Европа ќе има 27 претставници, Демократската унија за интеграција ќе има 18, а Демократската партија на Албанците ќе има 11 претставници. Претседателот на Партијата за европска иднина, Фиат Цановски, ќе добие едно место.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар