Бугарскиот борач Котуши прв Европеец што ја освои најголемата сумо награда

09/06/2008

Бугарскиот сумо борач Котушу стана првиот Европеец што победи на престижниот Летен голем турнир во Токио минатиот месец и сега е на чекор поблизу до освојувањето на најголемиот ранг во својот спорт.

(Гардијан, АП, СНA - 26/05/08; Дејло Јомиури - 25/05/08; AФП, Софија ечо - 24/05/08)

photo

Бугарскиот сумо борач Котушу го прима трофејот откако победи на Летниот голем турнир минатиот месец во Токио. [Getty Images]

Помалку од шест години по своето деби во сумо борење, бугарскиот борач Котушу стана првиот Европеец што победи на Летниот голем турнир во Токио и го освои Императорскиот пехар, најголемата награда во овој антички спорт.

„Конечно успеав“, рече Котушу, роден како Калојан Махљанов, пред новинарите по освојувањето на титулата еден ден претходно во неговиот последен натпревар на 25-ти мај. „Не можам да најдам вистински зборови за да ги искажам чувствата.“

Дваесетипетгодишниот Бугарин триумфираше со рекордни 14 победи во текот на 15-те дена, победувајќи ги двајцата највисоко рангирани учесници на настанот, Монголските јокозуни Асашори и Хакуха. Котуши доживеа само еден пораз -- од пониско рангираниот Аминишики.

Гордниот татко на борачот, Стефан, беше во Токио за да ги гледа натпреварите. Седејќи во преполниот стадион Кокугикан, тој вееше мало бугарско знаме и се поздравуваше со десетици други гледачи.

Во неговиот роден град Џуљуница, мајката на Котушу не пропушти ниту еден натпревар. Таа и нејзините пријатели се сега своевидни експерти за сумо, според еден од пријателите.

Котушу има обожаватели на високите позиции. Бугарскиот претседател Георги Парванов му испрати писмо со честитки на спортистот висок 202 сантиметри, амбасадор на добрата волја на ЕУ од минатата година. Поранешниот француски претседател Жак Ширак, наводно еден од најголемите обожаватели на Котушу, вечерал со бугарскиот борач во Јапонија пред неколку години.

На возраст од 14 години Котушу стана борач во грчко-римски стил. Тој победи на европскот првенство, но се префрли на сумо, а неговото деби беше во ноември 2002 година.

Котушу беше унапреден во озеки, втора највисока категорија во сумо, во јануари 2006 година. Со освојувањето на титулата во Токио му се отвори патот за негово унапредување во јокозума, откако претходните две години беше попречуван поради повреда. Победата на следниот Голем турнир во Нагоја значително би ги зајакнала шансите на Котушу за напредок.

Неговиот менаџер предупреди дека остварувањето на таа цел ќе бара понатамошни напори, рече Садогатаке. „Ако тој не продолжи вака и не стане психички појак, нема да може да постигне повисоки работи.“

Други балкански спортисти брилираа во сличните спортови во последниве години.

Листата вклучува двајца боксери во супер-среднотешка категорија -- Албанецот Крешник Ќато, светскиот и источноевропски шампион, и Романецот Луцијан Буте, кој се рангираше на четвртото место во својата категорија на светската ранг-листа на Светската боксерска федерација за март 2008 година.

Поврзани написи

Loading

Друг популарен борач е поранешниот хрватски полицаец кој е сега кикбоксер и шампион во мешани боречки вештини Мирко Филиповиќ „Кро Кап“. Неговиот колега Стефан Којочнеан постави светски рекорд на 14-тиот кикбокс натпревар „Невозможен предизвик“ во Дахау, Германија, на крајот од овој месец.

Турските таеквондо шампиони Бахри и Азизе Танрикулу, кои се брат и сестра, се надеваат дека ќе додадат олимписки златни медали на своите колекции во Пекинг.

Бугарија, Грција и Турција е можно да испратат до 15 кревачи на тегови на Игрите во Пекинг во август, на кои турскиот претставник Халил Мутлу се надева дека ќе го освои својот четврт последователен олимписки златен медал.

(Aјхан Шимшек, Мањола Хала и Алина Бандила дадоа свој придонес за овој извештај)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар