30/05/2008
Црна Гора доби листа на услови што мора да ги исполни со цел да се укине визниот режим со ЕУ. Земјата се надева дека ќе биде ослободена од визи до следната година.
Од Недељко Рудовиќ за Southeast European Times во Подгорица - 30/05/08
![]() „Ние ќе им пристапиме на задачите мошне одговорно. Не поради мониторингот на ЕУ, туку поради нас самите“, рече црногорскиот министер за надворешни работи, Минал Рочен. [Getty Images] |
Директорот на Европската комисија (ЕК) за Западен Балкан, Пјер Мирел, во средата (28-ми мај) беше во Црна Гора, каде што го претстави патоказот за ставање крај на визниот режим на земјата со ЕУ пред министерот за надворешни работи, Милан Рочен. Мирел рече дека се надева оти земјата ќе заземе побрз правец за укинување на визните барања со Унијата.
„Напредокот на Црна Гора ќе зависи ... од тоа колку брзо владата ги исполнува барањата. Ние сметаме дека тие се реални и може да се остварат во реална временска рамка“, рече претставникот на ЕК.
Патоказот ги посочува условите што Црна Гора мора да ги исполни за да им овозможи на своите граѓани да патуваат без визи во земјите на шенген областа -- 22 земји-членки на ЕУ -- плус Норвешка и Исланд. Црногорските претставници велат дека очекуваат да бидат вклучени во шенген зоната во 2009 година.
Главните услови се: подобрување на безбедноста на пасошите и другите документи за лична идентификација, зајакнување на соработката со соседите во безбедносните и судските работи, зголемување на безбедноста на граничните премини и интензивирање на борбата против корупцијата, организираниот криминал и нелегалната миграција.
Црна Гора забрани издавање биометрички пасоши претходно овој месец и спроведува систем на погранична контрола со помош на американската влада.
Главниот предизвик со кој се соочува земјата е борба против корупцијата и организираниот криминал. Сите извештаи за напредокот на ЕК го наведуваат тоа како слабост. Црна Гора, која има репутација дека ретко ги казнува обвинетите за корупција, е под притисок да премине од зборови на дела и да ги оствари своите цели.
„Колку брзо ќе напредувате зависи од вас самите. Сите агенции ќе мора да работат многу напорно“, рече Рочен по добивањето на патоказот. Тој рече дека владата сега е под будното око на ЕК и црногорскиот народ. „Ќе пристапиме кон овие задачи многу одговорно. Не поради мониторингот на ЕУ, туку поради нас самите.“
Според министерот, исполнувањето на условите на патоказот ќе ги подобри односите на земјата со своите соседи, што, од друга страна, ќе ја зајакне регионалната соработка.
Претставниците на оваа мала медитеранска земја, исто така, се надеваат дека ќе станат земја-кандидатка за членство во ЕУ следната година. Црна Гора го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ во октомври 2007 година, и владата објави за време на посетата на Мирел дека ќе ја поднесе апликацијата за членство оваа есен.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's