30/05/2008
Претставникот на ОН во четвртокот изјави дека е охрабрен од „иницијативата и посветноста“ што водачите на кипарските Грци и кипарските Турци ја покажаа во обид да се стави крај на неколкудецениската поделеност на островот.
(Tркиш прес - 30/05/08; AП, прес-центар на ОН, КНА, Сајпрус мејл, Фајненшал мирор, Ксинхуа, Тркиш дејли њус - 29/05/08; ДПA - 28/05/08)
![]() Кипарскиот претседател Деметрис Христофиас (десно) и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат (лево), се поздравуваат по состанокот во резиденцијата на специјалниот претставник на ОН, Тај-Брук Зерихаун (во средината), минатата недела. [Getty Images] |
Главниот претставник на ОН во Кипар во четвртокот (29-ти мај) ги пофали водачите на кипарските Грци и кипарските Турци за решенителноста што ја покажаа во насока на обновување на мировниот процес на нивниот поделен остров.
„Неодамнешните настани ни дадоа многу причини за надеж“, рече Тај-Брук Зерихаун, кој ја предводеше мисијата на ОН во Кипар претходно овој месец, на прес-конференцијата во Никозија.
Политичката волја што кипарскиот претседател Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци Мехмет Али Талат ја покажаа досега, создаде нова клима во Кипар и тој интензитет треба да се одржи истакна тој.
„Ние сме охрабрени ... од иницијативата и посветеност што двајцата водачи ја покажаа“, истакна Зерихаун.
На 21-ви март Христофиас и Талат се согласија да формираат работни групи и технички комисии пред отпочнувањето на сеопфатните мировни разговори спонзорирани од ОН во јуни.
Двајцата водачи се состанаа на 23-ти мај во Никозија, за да го проценат напредокот, но не можеа да се согласат за точен датум за почетокот на преговорите. Во изјавата по состаникот, Талат рече дека тој и Христофиас имале „различни ставови“ за тоа дали разговорите може да започнат во јуни.
Двајцата водачи „ја потврдија својата посветеност на создавање бизонална федерација на две заедници со политичка еднаквост, како што е дефинирано во соодветните резолуции на Советот за безбедност“, се вели во заедничката изјава издадена по состанокот. „Ова партнерство ќе има федерална влада со единствен меѓународен карактер, како и конститутивна држава на кипарските Турци и конститутивна држава на кипарските Грци, кои ќе имаат еднаков статус.“
Запрашан дали е реално да се очекува разговорите да започнат следниот месец Зерихаун во четвртокот рече дека процесот јасно се движи во тој правец.
Христофиас и Талат „ќе бидат тие што ќе одредат до кој степен е тоа реално“, рече тој. „[По] четири децении или повеќе, јас мислам дека еден месец плус минус, не би требало да биде проблем.“
Нарекувајќи ги двајцата водачи „мозоци“ на процесот кон сеопфатно решение, Зерихаун вети дека ОН ќе им помогнат во остварувањето на целта.
Кипарскиот претседателски комесар, Јоргос Јакову, рече дека шесте работни групи и седумте технички комисии постигнале напредок, но мора да се направи повеќе. Тој укажа на подобрувањата во „горливите прашања на минатото, вклучително и економијата и односите со Европската унија, уставните прашања и другите [проблеми] кои се однесуваат на заедничкото управување“ во коментарот по разговорите со грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани.
Христофиас и Талат ќе се состана повторно во втората половина од јуни. Според некои шпекулации, можно е процесот да не започне до септември.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's